Примоштен
| Примоштен | |
|---|---|
| Село и општина | |
| Općina Primošten Општина Примоштен | |
![]() | |
| Држава | |
| Жупанија | |
| Површина[1] | |
| • Село и општина | 58,5 км2 (226 ми2) |
| • Градска | 11,4 км2 (44 ми2) |
| Население (2021)[2] | |
| • Село и општина | 2.627 |
| • Густина | 4,5/км2 (12/ми2) |
| • Градскo | 1.555 |
| • Градска | 14/км2 (35/ми2) |
| Час. појас | СЕВ (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) |
| Postal code | 22202 |
| Повик. бр. | 022 |
| Рег. таб. | ŠI |
| Мреж. место | primosten.hr |
Примоштен (хрватски: Primošten; италијански: Capocesto, Капочесто) — името на селото и општината во Шибенско-книнската жупанија, Хрватска. Се наоѓа на југ, помеѓу градовите Шибеник и Трогир, на јадранскиот брег.
Демографија
[уреди | уреди извор]Вкупното население на општината е 2.828 (од пописот 2011 година), распоредено во следните населени места:[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во минатото, Примоште се наоѓал на островчето блиску до копното. За време на османлиските инвазии во 1542 година, островот бил заштитен со ѕидини и кули, а мостот го поврзувал со копното. Кога Османлиите се повлекле, мостот за извлекување бил заменет со насипот и во 1564 година населбата го добила името Примоште по хрватскиот глагол primoštiti (да премости).
Изграден е на рид и во него доминира парохиската црква „Св. Ѓорѓи“ која била изградена во 1485 година и обновена во 1760 година во близина на мештанските гробишта од кои се простира уникатен поглед кон морето и околината.
Наследство
[уреди | уреди извор]Примоштен е познат по огромните и прекрасни лозја. Фотографија од лозјата на Примоште висела во седиштето на ОН во Њујорк. Освен по лозјата, Примоштен е познат и по традиционалната трка со магариња која е одржувана таму секое лето. Најголемата плажа во Примоште се вика Радуча, а нејзиниот помал дел, Мала Радуча, е избрана за една од 10-те најубави плажи во Хрватска. Лозовите насади во оваа област моментално се разгледувани да станат светско наследство на УНЕСКО.[4]
Култура и настани
[уреди | уреди извор]Манифестацијата наречена „Primoštenske užance“ е одржувана секоја година во средината на летото во Примоште. Станува збор за традиционален фолклорен фестивал на кој Примоштанците ја изложуваат својата култура и некогашниот начин на живеење во селото.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед кон селото Примоштен
- Зајдисонце во Примоште
- Спомен во центарот на Примоштен
- Зајдисонце во Примоште
- Споменик на Пресвета Богородица Лорето во Примоштен
- Фонтана во центарот на Примоштен
- Плажа во Примоште
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - камбанарија
- Шеталиште покрај Примоштен
Спорт
[уреди | уреди извор]- ЈК Примоштен (едрење)
- МНК Примоште (футсал)
- РК Спонгиола (скокови во вода)
- ВК Примоштен (ватерполо)
- БК Примоштен (велосипедизам)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Register of spatial units of the State Geodetic Administration of the Republic of Croatia. Википодатоци Q119585703
- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места“ (xlsx). Попис на населението, домаќинствата и живеалиштата во 2021 г. Загреб: Државен завод за статистика. 2022. (хрватски)
- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Примоштен“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
- ↑ UNESCO - Primosten
- ↑ „Primosten - location, beaches, hotels and attractions“. www.sibenik-croatia.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-03-29. Посетено на 2018-03-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Примоштен“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Picture gallery Архивирано на 28 декември 2018 г.
- Coast view at Dolac u Primoštenu. Дел од Општина Примоштен.
43°35′N 15°56′E / 43.583°N 15.933°E
|
