Праисторија на Иберија
![]() |
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за постоење на човелики мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка. Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години. Современиот кромањонски човек на овие простори започнале да се населуваат пред околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие простори пред околу 15 000 години. Според археолошките проучувања, на овие простори постоела развиена култура во источниот дел на Иберискиот полуостров во времето на доцниот Неолит и Бронзената ера.
Фенекијците, старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во околу 1100 п.н.е.. Фенекијските трговци го основале денешниот град Кадиз. Во текот на 9 век п.н.е. Античките Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината на Средоземно море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во 6 век п.н.е. на полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна и со Римската империја. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.
Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни, период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.