Прва Шпанска република

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шпанска република
República Española

1873–1874
Знаме Грб
Главен град Мадрид
Јазици Шпански
Вероисповед Римокатоличка
Уредување Република
Претседател
 -  1873 Естанислао Фигуерас
 -  1873 франсиско Пи
 -  1873 Николас Салмерон
 -  1873-1874 Емилио Кастелар
 -  1874 франсиско Сернано
Законодавство Шпански конгрес на пратеници
Историја
 -  Амадеј I 11 февруари 1873 1873
 -  Алфонсо XII 29 декември 1874 1874
Валута Шпанска пезета

Првата Шпанска Република бил политички режим кој функционирал во Шпанија со воведување на парлементарно управување во периодот од 11 февруари 1873 и 29 декември 1874 година, кога генералниот Мартинес Кампос дал проглас со кој го означил почетокот на Бурбонската реставрација односно обнова на Шпанија. Републиката била прогласена по абдикцијата на кралот на Шпанија Амадеј I на 10 февруари 1873 година. Така, следниот ден, на 11 февруари Шпанија била прогласена за република со парламентарно мнозинство составено од радикали, демократи и републиканци.

Републиканските лидери планирале формирање на федерална република, но по тоа прашање не се изјасниле веднаш, туку тие сакале да формираат т.н. кортеси, односно општини. Радикалите преферирале и се изјасниле за унитарна држава. Првично, радикалите биле мнозинство во власта, приклучувајќи им се сите оние кои веќе биле прогонети од револуцијата во 1868.

Првиот обид на републиканците во историјата на Шпанија им претставувало едно кратко искуство, кое се карактеризирало со длабока политичка и социјална нестабилност и насилство. Републиката била управувана од страна на четири одделни претседатели- Естанислао Фигуерас, Франсиско Пи, Николас Салмерон и Емилио Кастелар. По само единаесет месеци бил направен државен удар при кое на власт дошол Франциско Серано.

Во меѓувреме избиле три граѓански војни: трета Карлишка војна, Кантоналната ревојуција и Десетгодишната војна. Најтешките проблеми за консолидација на режимот биле недостатокот на вистински републиканци, односно нивната поделба помеѓу федералисти и унитаристи, и недостатокот на подршка. Овие војни довеле до слабеење на позициите на републиката.