Поречки Срез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поречкиот Срез бил срез / административна единица во Порече за време на српската окупација кога Порече се наоѓа во рамките на Кралството Србија а подоцна во рамките на Кралството Југославија.

По укинувањето на солунскиот фронт, германската и бугарската војска отстапуваат во 1918 година. Во Порече се задржува српската војска.

За началник на срезот е поставен Боро Марковиќ. Срезот формира општини во истите места како во 1912 година. Претседателите на општините биле поставувани со декрет. Воспоставени биле: Општина Брод, Општина Дебреште, Општина Растеш, Општина Самоков и Пласничко-Рабетинска Општина. Општински избори биле спроведени на 28 август 1920 година.

На 28 ноември 1920 спроведени биле парламентарните избори. Поречкиот Срез немал свој кандидат, поради недоволен број на избирачи, затоа избираат кандидат од Тетовскиот Срез.[1]

Избори од 1920 година[уреди | уреди извор]

За време на изборите учествуваат повеќе политички партии: Демократската партија, Комунистичката партија, Радикалната партија.

Во Општина Самоков, Радикалната партија добила 42 гласа, Демократската партија 345 гласа а Комунистичката партија 8 гласа.

Избори од 1933 година[уреди | уреди извор]

Во 1933 година спроведени се општински избори. На изборите учествуваат Радикалната партија и Демократската партија со свои кандидати.

Избори од 1936 година[уреди | уреди извор]

Во 1936 година спроведени се општински избори. На овие избори доаѓа до големи судири меѓу партиите, претставниците и кандидатите за претседатели на општинските одбори.

Избори од 1938 година[уреди | уреди извор]

Во селата низ Порече на овие избори преку 80% од избирачите гласаат за кандидатот на Демократската партија. За пратеник е избран кандидатит Данило Ѓуроски од Слатина.

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982