Периша Савелиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Периша Савелиќ - Самсон
Роден 12 септември, 1920 година
с. Мартиниќи, Црна Гора
Починал 19 август, 1943 година
Софија, Бугарија
Обесен од бугарската полиција

Периша Савелиќ - Самсон (Мартиниќи, Црна Гора, 12 септември 1920Софија, Бугарија), 19 август 1942[1] ― комунистички деец, Црногорец, учесник во НОВ во Македонија.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во родното село, а два класа гимназија во Скопје (татко му бил учител во с. Драчево). Уште како ученик се борел против шовинистичките тенденции на своите професори. Јавно се противставувал против игнорирањето на македонската националност.[1] Не го поднесувал великосрпскиот хегемонизам и против него се борел како свесен член на СКОЈ, во чии редови бил примен рано. Поради своите отворени истапи против режимот и комунистичка активност бил исклучен од гимназијата, па матурирал во Приштина во 1939 година.[1] Во 1939 година извесно време бил интерниран во Билеќа. По враќањето студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1940 година) и бил организационен секретар на МК на КПЈ (1940 година). Развил широка активност и како резултат на тоа во 1940 година биле одржани дури шеснаесет работнички штрајкови и неколку тарифни акции.[2]

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Споменик на местото на куќата на Савелиќ во Скопје

По окупацијата на Југославија, иако родителите му предлагале да се врати во родното место, тој решително одговорил:

„Не! И овде е моја татковина. Ќе останам да се борам заедно со македонскиот народ...“

По Априлската војна (1941) бил секретар на МК и раководител на Воениот штаб на МК на КП во Скопје, при што успешно ги извршил подготовките и го формирал Првиот скопски партизански одред (22 август).

На 26 октомври 1941 година е уапсен при блокада на бугарската полиција. Заедно со уште 24 комунисти, на 27 април 1942 година е изведен пред суд во Скопје и на 9 мај е осуден на смрт со бесење. Откако поминува уште три месеци во скопскиот затвор, на 18 август,[3] заедно со Васил Антевски - Дрен, Љубомир Лековиќ и Чедомир Миленковиќ, е префрлен во затворот во Софија, каде е убиен.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1292 стр.
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 119. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Дучо Кранго „Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор“, Архив на Скопје, Скопје, 1986, 164 стр.
  4. „Вардарски глас“, 23 декември 1986, 12 стр. Стоилко Ивановски-Планински, „Васил Антевски-Дрен: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје, 1980, 214 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Крсто Здравковски, „Периша Савелиќ - Самсон“, Скопје, 2011.