Прејди на содржината

Чедомир Миленковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чедомир Миленковиќ
Роден 1913 година
Призрен, Кралство Србија
Починал 19 август 1942 година
Софија, Царство Бугарија
обесен од бугарските фашисти

Чедомир Светолик Миленковиќ - Мирко ( 1913 , Призрен[1]19 август 1942 во Софија) — партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Работел како столар. Уште пред војната се истакнувал меѓу дрводелските работници. Активно учествувал во работата на УРС-овите синдикати, а посебно во организирањето на работниците во дрводелската секција. При формирањето на партиската ќелија на дрводелските работници, бил избран за секретар. По капитулацијата на Кралство Југославија, тој останал во Скопје и продолжил илегално да работи. Во летниот период на 1941 година, бидејќи преминал во илегалство, раководел со формирањето на диверзантски групи. Учествувал во повеќе дејствија за собирање оружје, експлозив и друг материјал.

На 22 август 1941 година, русинот Иван Затенко, кој живеел во Скопје, заедно со Дане Крапчев и Чедомир Миленковиќ го формирале скопскиот одред кој имал вкупно 42 борци.[3] По групирањето на диверзантските групи и нивното префрлање на Водно, бил избран за командир на Првиот скопски партизански одред. Под негово раководство, борците на одредот ги добиле првите познавања од основната воена вештина. Во одредот останал сè до октомври 1941 година, кога бил повлечен в град на друrа работа. На 2 ноември 1941 година, по налог на Воениот штаб, пак заминал во одредот за да ја преземе командирската должност наместо затворениот Љубомир Лековиќ. Но, не успеал да воспостави врска оо одредот, бидејќи бил нападнат од бугарската фашистичка војска кај Бел Бунар, денешно Ѓорче Петров. Иако бил обиколен успеал да се извлече од обрачот и по неколку денови да влезе во Скопје без да биде забележан од непријателот. Набргу бил откриен и затворен. Откако поминал некој месец во скопскиот затвор, на 15 август, заедно со Периша Савелиќ, Љубомир Лековиќ и Васил Антевски-Дрен, е префрлен во затворот во Софија.[4] Фашистите го осудиле на смрт со бесење. Пресудата била извршена во Софискиот затвор на 19 август 1942 година.[1][2]

  1. 1 2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 199. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 91–92. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ: РУСКИОТ ПАРТИЗАН КОЈ НАПРАВИ ПЛАЖА НА ВАРДАР“. Сакам Да Кажам. 2016-08-21.
  4. „Вардарски глас“, 23 декември 1986, 12 стр. Стоилко Ивановски - Планински, цит. дело, 214 стр.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]