Стоилко Ивановски-Планински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменик во негова чест пред влезот во родното село Ораов Дол

Стоилко Ивановски–Планински (24 јануари 1920 во Ораов Дол10 мај 2003 во Скопје) — македонски комунист, учесник во НОБ и професор. Бил носител на Партизанска споменица 1941.

Бил член на КПМ од 1941 година, организатор на партизанското движење во областа Азот и борец на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев“, заменик-политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска бригада и на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. Член на Првото заседание на АСНОМ и одговорен за создавањето на органите на власта во Скопската област.

По ослободувањето бил секретар на околискиот народноослободителен одбор за Велешката околија. Автор бил на повеќе книги со тематика од НОАВМ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 589-590.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]