Ојмјакон
| Ојмјакон Оймякон | |
|---|---|
| Село | |
| Други транскр. | |
| • јакутски | Өймөкөөн |
Шума во близина на Ојмјакон | |
| Држава | Русија |
| Федерален субјект | Јакутија |
| Реон | Ојмјаконски реон |
| Надм. вис. | 745 м |
| Население | |
| • проц. од (2011) | 500 |
| Час. појас | Vladivostok Time |
| Поштенски бр.[2] | 678752 |
| Повик. број. | +7 41154 |
Ојмјакон (руски: Оймякон, јакутски: Өймөкөөн) — село во Јакутија, Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Името на селото означува „вода што не замрзнува“ и потекнува од тоа што крај него има топол извор.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 500 жители (2011). Ојмјакон се наоѓа блиску до поларникот и времетраењето на денот варира од 3 часа преку декември до 21 часа во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие. Селото се наоѓа на околу 750 м надморска висина.
Клима
[уреди | уреди извор]Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата и затоа го носи името „Северен Пол на студот“. Најниската измерена температура изнесува -68°С во метеоролошката станица Томтор во 1933 г. Според неофицијални извори, температурата во селото паднала и до -82 °C во 1916 г. Другиот претендент за најниска измерена температура е јакутскиот град Верхојанск, којшто се наоѓа зад поларникот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
- ↑ Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ојмјакон: животот на најстуденото место на планетава[мртва врска] — „Руска реч“ (македонски)
