Верхојанск

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Верхојанск (руски: Верхоянск, јакутски: Үөһээ Дьааҥы) е гратче во Република Јакутија, Русија. Се простира на реката Јана, близу поларниот круг, 675 километри од Јакутск. Населението изнесува 1.311.

Клима[уреди]

Верхојанск е познат по екстремно ниските температури во зима, ги има најголемите температурни разлики на Земјата. Средната температура во јануари изнесува −45.8 °C, а во јули изнесува +16.0 °C. Најниската температура измерена некогаш овде изнесува −69.8 °C во февруари 1892 година. Заедно со Ојмјакон претставуваат најстудени населени места на планетата.