Оруро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оруро
Oruro

Знаме

Грб
Оруро се наоѓа во Боливија
Оруро
Местоположба во Боливија.
Координати: 17°58′ ЈГШ 67°07′ ЗГД / 
Држава Flag of Bolivia.svg Боливија
Департман Департман Оруро
Покраина Серкадо
Основан 1 ноември 1606
Управа
 • Градоначалник Росио Пиментел
Надм. вис. 3.706 м
Население [1]
 • Вкупно 235.393 жит.
  2010 calculation
Час. појас UTC-4
Портал http://www.preforuro.gov.bo/

Оруро (шпански: Oruro) е град во Боливија. Според проценките за 2010 година, градот има население од 235.393 жители.[1] Оруро се наоѓа на надморска височина од 3.710 метри. Градот е главен град на департманот Оруро. Градот е познат по Карневалот од Оруро.

Име[уреди]

Името потекнува по староседелскиот народ Уру-уру.

Историја[уреди]

Градот бил основан на 1 ноември 1606 година од страна на Мануел Кастро де Падилја. Првично местото било рударска населба за сребро и било именувано како Реал Вилја де Сан Фелипе де Аустрија (Real Villa de San Felipe de Austria). Наскоро гратчето било напуштено поради падот на рударството. Градот бил повторно основан во 19 век како рударски град. Во близина на градот има рудник за калај.

Местоположба и клима[уреди]

Оруро се наоѓа северно од езерата Уру-уру и Попо. Градот се наоѓа на надморска височина од 3.709 метри и е познат по ладното време. Топли денови има во август, септември и окромври. Од мај до јули температурите ноќе може да паднат и под -20 степени поради ладните ветришта. Во регионот се забележани обилни врнежи од дожд од ноември до март.

Збратимени градови[уреди]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. World Gazetteer

Поврзано[уреди]

Портал „Боливија

Надворешни врски[уреди]