Ел Алто
| Ел Алто El Alto | ||
|---|---|---|
Главна улица во Ел Алто. | ||
| ||
| Местоположба во Боливија. | ||
| Координати: 16°31′S 68°10′W / 16.517°S 68.167°W | ||
| Држава | ||
| Департман | Ла Пас | |
| Покраина | Педро Доминго Муриљо | |
| Општина | Ел Алто | |
| Управа | ||
| • Градоначалник | Едгар Патана | |
| Надм. вис. | 4,150 м | |
| Население (2010) | ||
| • Вкупно | 1,184,942 | |
| Час. појас | BOT (UTC−4) | |
Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Пас, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Пас. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата.[1] На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители.
Особености
[уреди | уреди извор]Ел Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија.
Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ INE, Bolivia. „LA PAZ: POBLACIÓN TOTAL PROYECTADA, POR SEXO, SEGÚN PROVINCIA Y SECCIÓN DE PROVINCIA“. INE Bolivia. Посетено на 26 May 2012.
Дополнителни информации
[уреди | уреди извор]- Lazar, Sian (2008), El Alto, Rebel City, Duke University Press, ISBN 978-0-8223-4154-3
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Ел Алто“ на Ризницата ? |
- Време во Ел Алто Архивирано на 6 октомври 2020 г.
- Ел Алто, Боливија Архивирано на 29 март 2018 г.
- Ел Алто, Боливија
- Национален институт за статистика на Боливија
16°31′S 68°10′W / 16.517°S 68.167°W
| ||||||||||||||