Никола Стојиљковиќ
Никола Стојиљковиќ (роден на 17 август 1992 година) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Моментално е член на полскиот клуб Пјаст од Гливице.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Рад
[уреди | уреди извор]Никола е роден во Ниш. Тој првите години на прилагодување на фудбалската игра ги поминал во екипите на Партизан и Рад. Својот прв натпревар во српската Суперлига го имал на 30 мај 2009 година во составот на Рад, влегувајќи како замена и создавајќи одлична асистенција за нерешен резултат од 2:2 на домашен терен против составот на Војводина. За време на неговиот престој на стадионот во Бањица, Стојиљковиќ постигнал пет гола во 26 лигашки натпревари. Сите голови ги постигнал во сезоната 2011–12.
Чукарички
[уреди | уреди извор]Во зимскиот преоден рок 2013 година, Стојиљковиќ се преселил во клубот од првата српска лига, екипата на Чукарички. Во новиот клуб постигнал вкупно седум голови на 15 одиграни лигашки натпревари до крајот на сезоната 2012–13,[1] со што му помогнал на тимот да се вратат во првата најелитна лига. Со седум гола во српската Суперлига во сезоната 2013–14, Стојиљковиќ бил еден од најзаслужните за успехот на тимот, кој завршил на петтото место на табелата. Тој резултат му обезбедил на клубот место во Лигата на Европа 2014–15 на УЕФА. Тој постигнал два гола во квалификациската фаза, вклучувајќи го и победничкиот гол против екипата на СВ Гродиг. Стојиљковиќ ја завршил сезоната како најдобар стрелец на клубот со вкупно 14 постинати голови во сите типови на натпреварувања. Со неговите голови екипата на Чукарички го освоила Купот на Србија 2014–15. Тоа била првата голема титула на клубот во неговата историја.[2]
Брага
[уреди | уреди извор]На 8 август 2015 година, Никола Стојиљковиќ заминал во португалскиот клуб Брага, потпишувајќи петгодишен договор.[3] Својот прв натпревар за клубот го имал осум дена подоцна, влегувајќи како замена во 61 минута на местото на Родриго Пињо во победата од 2:1 на домашен терен над екипата на Национал. Тоа бил првиот натпревар од сезоната за клубот во Примеира Лигата. Стојиљковиќ ги постигнал своите први голови за клубот на 21 септември, гол во победата од 5:1 над екипата на Маритимо на домашен терен на стадионот Естадио Мунисипал де Брага.[4]
Во месец септември 2017 година, Стојиљковиќ се преселил како позајмен играч во турскиот тим на Кајзериспор.[5] По завршувањето на сезоната 2017-18, тој во месец јуни 2018 година се вратил во Србија, приклучувајќи се на екипата на Црвена ѕвезда од Белград како позајмен играч за период од една година.[6]
Никола Стојиљковиќ потпишал договор кон крајот на месец јануари 2019 година и тоа како позајмен играч за шпанскиот клуб од Сегунда дивизион, ФК Мајорка.[7] Тој одиграл само четири натпревари и тоа најчесто како играч од клупата. Екипата на Мајорка на крајот на сезоната обезбедила промоција во повисок ранг на натпреварување. Стојиљковиќ имал мала минутажа и поради здобиената повреда на мусклите.[8]
На 12 август 2019 година, Никола Стојиљковиќ бил повторно со статус на позајмен играч до крајот на сезоната, но овој пат во нов клуб од португалската Примеира, во екипата на ФК Боависта.[9]
Фаренсе
[уреди | уреди извор]На 24 август 2020 година, Стојиљковиќ преминал во новопромовираниот клуб од Примеира, составот на СЦ Фаренсе. Овој клуб откупил 50% од неговиот договор.[10]
Пјаст од Гливице
[уреди | уреди извор]На 20 август 2021 година, Никола Стојиљковиќ бил префрлен во полскиот претставник на Екстракласата, екипата на Пјаст од Гливице. Договорот бил за времетраење од две години.[11]
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Никола Стојиљковиќ ја претставувал својата земја на возрасни нивоа до 17, до 19 и до 21 година. Го пропуштил Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2015 година поради повреда.[12]
Во месец март 2016 година, Стојиљковиќ го добил својот прв повик за сениорскиот тим за пријателските натпревари против репрезентациите на Полска и Естонија.[13] Својот прв натпревар како стартер го имал на 23-ти март 2016 година, во поразот од 1:0 на стадионот Миејски во Познањ. На тој натпревар бил заменет од страна на соиграчот Филип Ѓуричиќ по 56 минути игра.[14]
Статистика
[уреди | уреди извор]- Обновено на крајот на сезоната 2019–20[15]
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Лига куп | Континентални натпревари | Други натпревари | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Рад | 2008–09 | Суперлига | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||
2009–10 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||||
2010–11 | 4 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 4 | 0 | |||||
2011–12 | 19 | 5 | 1 | 0 | — | 1 | 0 | — | 21 | 5 | ||||
2012–13 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 1 | 0 | |||||
Вкупно | 26 | 5 | 1 | 0 | — | 1 | 0 | — | 28 | 5 | ||||
Чукарички | 2012–13 | Прва лига | 15[б 1] | 7 | — | — | — | — | 15 | 7 | ||||
2013–14 | Суперлига | 28 | 7 | 2 | 0 | — | — | — | 30 | 7 | ||||
2014–15 | 28 | 9 | 6 | 3 | — | 4 | 2 | — | 38 | 14 | ||||
2015–16 | 3 | 2 | 0 | 0 | — | 3 | 1 | — | 6 | 3 | ||||
Вкупно | 74 | 25 | 8 | 3 | — | 7 | 3 | — | 89 | 31 | ||||
Брага | 2015–16 | Примеира Лига | 31 | 10 | 7 | 2 | 2 | 0 | 6 | 3 | — | 46 | 15 | |
2016–17 | 24 | 5 | 2 | 1 | 2 | 1 | 5 | 2 | 1[б 2] | 0 | 34 | 9 | ||
2017–18 | 2 | 0 | — | 0 | 0 | 3 | 1 | — | 5 | 1 | ||||
Вкупно | 57 | 15 | 9 | 3 | 4 | 1 | 14 | 6 | 1 | 0 | 85 | 25 | ||
Кајзериспор (како позајмен играч) | 2017–18 | Суперлиг | 13 | 2 | 4 | 0 | — | — | — | 17 | 2 | |||
Црвен ѕвезда од Белград(како позајмен играч) | 2018–19 | Суперлига | 7 | 3 | 2 | 2 | — | 6 | 0 | — | 15 | 5 | ||
Мајорка(како позајмен играч) | 2018–19 | Сегунда дивизион | 4 | 0 | 0 | 0 | — | — | — | 4 | 0 | |||
Боависта(како позајмен играч) | 2019–20 | Примеира лига | 24 | 2 | 0 | 0 | — | — | — | 24 | 2 | |||
Вкупно во кариерата | 199 | 49 | 24 | 8 | 4 | 1 | 28 | 9 | 1 | 0 | 262 | 70 |
Меѓународна (репрезентативна) статистика
[уреди | уреди извор]- Обновено на 16 Јуни 2018[16]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Србија | 2016 година | 4 | 0 |
Вкупно | 4 | 0 |
Признанија
[уреди | уреди извор]Клупски признанија
[уреди | уреди извор]- Чукарички
- Освоен е Купот на Србија: 2014–15
- Брага
- Освоен е Тача де Португалија: 2015–16 (Купот на Португалија)
Индивидуални признанија
[уреди | уреди извор]- Член на тимот на сезоната во српската Суперлига: 2014–15
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Stojiljkovic, Nikola“. srbijafudbal.net (српски). Архивирано од изворникот на 15 April 2014. Посетено на 19 April 2014.
- ↑ „Čukarički make history with Serbian Cup success“. UEFA. 20 May 2015. Посетено на 19 March 2016.
- ↑ „Stojiljkovic assina por cinco anos com pelo SC Braga“ [Stojiljković signs for five years at SC Braga] (португалски). Sapo. 8 August 2015. Посетено на 24 March 2016.
- ↑ „Braga slavi Srbina: Stojiljković sa dva gola srušio Maritimo“ [Braga celebrate Serb: Stojiljković scores two goals against Marítimo] (српски). N1. 21 September 2015. Посетено на 24 March 2016.[мртва врска]
- ↑ „Kayserispor yeni golcüsünü buldu! (Nikola Stojiljkovic) Başkan açıkladı“ [Kayserispor found a new goal scorer! (Nikola Stojiljkovic) President announced] (турски). Sporx. 5 September 2017. Посетено на 16 June 2018.
- ↑ „Никола Стојиљковић у Звезди!“ [Nikola Stojiljkovic in Red Star!] (српски). Red Star Belgrade. 15 June 2018. Посетено на 16 June 2018.
- ↑ Maura, Tomeu (22 January 2019). „Nikola Stojiljkovic en el Mallorca: un ataque serbocroata“ [Nikola Stojiljković to Mallorca: a Serbo-Croatian attack]. El Mundo (шпански). Посетено на 1 January 2020.
- ↑ Forteza, Gabriel (27 February 2019). „Stojiljkovic cae lesionado: entre seis u ocho semanas de baja“ [Stojiljković out injured: between six and eight weeks out]. Diario AS (шпански). Посетено на 1 January 2020.
- ↑ „Stojiljkovic é reforço do Boavista“ [Stojiljković is addition to Boavista]. Record (португалски). 12 August 2019. Посетено на 1 January 2020.
- ↑ „Stojiljkovic reforça ataque do Farense“ [Stojiljković bolsters Farense's attack]. Record (португалски). 24 August 2020. Посетено на 25 August 2020.
- ↑ „OFICJALNIE: Piast Gliwice pozyskał następcę Jakuba Świerczoka“. 20 August 2021.
- ↑ „Serbia U21s - UEFA Under-21 European Championship 2015 Preview and Team Analysis“. Just Football. 15 June 2015. Посетено на 6 February 2017.
- ↑ „Stojiljkovic estreia-se nos convocados da Sérvia“ [Stojiljković has his first selection for Serbia] (португалски). Sapo. 11 March 2016. Посетено на 24 March 2016.
- ↑ „Polónia derrota Sérvia com Stojiljkovic a titular“ [Poland defeats Serbia with Stojiljković starting] (португалски). Record. 23 March 2016. Посетено на 24 March 2016.
- ↑ Никола Стојиљковиќ на soccerway
- ↑ Никола Стојиљковиќ на National-Football-Teams.com
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Никола Стојиљковиќ – Профил на сајтот на УЕФА
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.