Николај Ѓауров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Ѓауров
Николай Гяуров
Роден(а)13 септември 1929(1929-09-13)(94 г.)
Велинград, Бугарија
Националностбугарска
Занимањеоперски пејач (бас)
Активен период1955–2004
Сопружник
  • Златина Мишакова
  • Мирела Френи (?–2004)
Деца2

Николаj Ѓауров (бугарски: Николай Гяуров), (Велинград, 13 септември 1929Модена, 2 јуни 2004) – бугарски оперски пејач, еден од најпознатите оперски басови во повоениот период, така што многу музички критичари го споредуваат со Фјодор Шаљапкин, еден од најголемите басови на сите времиња. Познат е по моќниот, сигурен глас, типичен белкантистички вердиевски бас, со совршена пејачка техника. Негова втора жена била италијанскиот сопран Мирела Френи, со која често настапувал. Живееле во Модена, Италија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓауров е роден во планинското гратче Велинград во јужна Бугарија. Како дете, учел да свири виолина, клавир и кларинет. Музичкото образование го почнал во 1949 година на Музичката академија во Софија, а во периодот од 1950 до 1955 година се школувал на московскиот конзерваториум.

Оперското деби го имал во Софија во 1955 година како Дон Базилио во „Севилскиот берберин“ на Росини. Во Италија првпат настапил во 1957 година во Болоња, а првиот меѓународен успех го имал во миланската „Скала“ во 1960 година како Варлам во „Борис Годунов“ од Модест Мусоргски.

Во САД првпат настапи во Чикаго во 1963 година во „Фауст“ на Шарл Гуно, потоа испеал уште дванаесет различни улоги, меѓу кои се и насловните улоги во „Борис Годунов“, „Дон Кихот“ и „Мефистофел“.

Во текот на кариерата ги отпеал сите големи оперски улоги за бас кои ги напишале Џузепе Верди, Џакомо Пучини, Шарл Гуно, Џоакино Росини, Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Модест Петрович Мусоргски, Петар Илич Чајковски и други. Покрај настапите во живо, снимил голем број на плочи и компактни дискови со истакнати пејачи и диригенти од втората половина на XX век. Во февруари 2004 година настапил последен пат во улогата на Дон Базилио, улога со која ја почнал кариерата.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Ѓауровиот Врв на Ливингстоновиот Остров на Јужните Шетландски Острови, Антарктик, е именуван според Николај Ѓауров.

Херој на социјалистичкиот труд на Бугарија.