Николас Гајтан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Николас Гајтан
Benf-Zen 2016 (4).jpg
Гаитан играјќи за Бенфика во 2016
Лични податоци
Полно име Освалдо Николас Фабиан Гаитан
Роден на 23 февруари 1988 (1988-02-23) (31 г.)
Роден во Сан Мартин, Аргентина
Држава  Аргентина
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Даљен Аербин Даљен Аербин
Број 9
Младинска кариера
2001–2008 Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2010 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 66 (12)
2010–2016 Бенфика Бенфика 152 (25)
2016–2018 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 29 (3)
2018–2019 Даљен Аербин Даљен Аербин 28 (2)
2019- Чикаго Фајр Чикаго Фајр 1 (0)
Репрезентација
2009– Аргентина Аргентина 16 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 February 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18 June 2016

Освалдо Николас Фабиан "Нико" Гајтан (роден на 23 фебруари 1988 година) е аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Даљен Ифан и на аргентинската репрезентација.

Тој е производ на Бока Јуниорс, кој подоцна се приклучи на Бенфика во Португалија, каде што тој освои три титули во Примеира лигата, една во Купот на Португалија, пет во Лига купот и еден Суперкуп, сето тоа во шест сезони играјќи за Бенфика.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бока Јуниорс[уреди | уреди извор]

Роден во Сан Мартин, Буенос Аирес, Гајтан започна како играч, во редовите на Бока Јуниорс, откако влезе во малдите категории на 13 годишна возраст, но поради мала минутажа и сомнежи со неговата иднина тој се пресели во Бенфика.[1] Своето деби го направи на 1 јуни 2008 година во победата од 3–1 против Арсенал ди Саранди,[2] и ги постигна првите два гола во аргентинската Примера, во победата од 3-0 против Клуб де Атлетико Хуракан.[3]

На 23 септември 2008 година Гајтан постигна својот прв гол на меѓународните турнири, на Копа Судамерикана против Депортиво Кито. Два дена подоцна, тој повторно се запиша во листата на стрелците, во 4-2 победата над Њувел Олд Бојс.[4]

Гајтан погоди 7 пати на 33 натпервари во сезоната 2009–10 во аргентинската Примеира со Бока, каде што по завршувањето на сезоната реши да го напушти клубот.

Бенфика[уреди | уреди извор]

На 3 мај 2010 година тој потпиша договор за 8.4 милиони евра[5] и дојде како замена за Анхел Ди Мариа кој беше продаден во Реал Мадрид.[6] Неговиот трансфер е втор најскап трансфер после,Оскар Кардозо за €11.6 милиони евра. Тој го имаше официјалното деби против Национал играјќи 66 минути во поразот од 1-2. Својот првенец гол за Бенфика го постигна против Асоциацио Навал 1º де Маио на 14 неомври во победата од (4–0).

Гајтан ја заврши својата прва сезона 2010-11 со Бенфика со одиграни 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет пати каде што заврши на второто место во португалското првенство и ја освои Така лигата на. За неговите настапи, тој беше прогласен за Португалски играч на годината.[7]

Во сеозната 2011-12 во Лигата на Шампионите, Гаитан ја предводеше Бенфика до нокаут фазата.[8] Во 2013-14 година во првата португалска лига тој придонесе со осум гола за неговиот тим да освои тројната круна. [9] Неговите перформанси беа за пофлеба во текот на целата сезона.[10][11] На 31 август 2014 година, Гајтан го постигна својот прв гол во сезоната против Спортинг Лисабон, додека, исто така, беше именуван за "играч на натпреварот'.[12]

На 11 ноември 2014 година, тој го продолжи договорот со Бенфика до 30 јуни 2018 година и се постави клаузула за ослободување од 35 милиони евра.[13] На 30 септември 2015 година, Гајтан го постигна првиот гол, а подоцна асистираше за вториот гол во победата над Атлетико Мадрид со (1-2) во Лигата на Шампионите.[14]На 9 декември 2015 година, тој потпиша подобрен договор до јуни 2019 година, со зголемување на клаузула за негово ослободување до 45 милиони евра .[15][16] По завршување на сезоната 2015-2016, тој одлучи да се пресели на Висенте Калдерон во тимот на Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид[уреди | уреди извор]

На 16 јуни 2016 година, Бенфика и Атлетико Мадрид се договорија за трансферот на Гајтан за 25 милиони евра, со тоа што договорот да биде потпишан по медицински прегледи во јули.[17][18][19] Неговата официјална презентација се одржа на 19 јули на Висенте Калдерон стадионот .[20]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Гајтан го направи своето репрезентативно деби за Аргентина на 30 септември 2009 година, како замена на резултат од 2-0 во победата против Гана,[21] а првиот свој старт тој го направи во победа против Костарика на 26 јануари следната година.[22] За време на мандатот на Серхио Батиста, тој забележа три настапи против Костарика,[23] Нигерија[24] и Полска.[25] Со Сабела, Гајтан не беше во изборот на тимот, но со именувањето на Херардо Мартино, тој се врати по 2-годишно отсуство, играјќи ги последните минути, откако го замени Серхио Агуеро на 3 септември 2014 година во победата против фудбалската репрезентација на Германија.[26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nicolás Gaitán“. The Elastico. 29 December 2011. конс. 10 October 2013. 
  2. Ficha Tecnica Nicolas Gaitan“, „Taringa.net“ (посет. 12 септември 2014 г).
  3. „Todo fue muy sencillo“ [It was all very easy] (Spanish). ESPN FC. 31 August 2008. конс. 10 October 2013. 
  4. „Newells 2 Boca 4 – Apertura 2008“ (Spanish). Taringa. 25 September 2008. конс. 10 October 2013. 
  5. „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (Portuguese). CMVM. 3 May 2010. конс. 3 May 2010. 
  6. „Why Benfica's Nicolas Gaitan is more complete than Real Madrid's Angel Di Maria, but still too expensive for Manchester United“. Goal.com. 22 November 2011. конс. 10 June 2012. 
  7. „Gaitan – I Liga 2010/2011 breakthrough player“ [Gaitan – Jogador revelação da I Liga 2010/2011]. Ser Benfiquista. 1 July 2011. конс. 8 July 2014. 
  8. Gaitán é rei das assistências na Champions“, SAPO, 16 февруари 2012 (посет. 8 јули 2014 г). (на Portuguese)
  9. „Benfica complete treble“. PortuGOAL. 18 May 2014. конс. 19 May 2014. 
  10. In-demand Gaitan content with life at Benfica“, FourFourTwo, 24 декември 2013 (посет. 8 јули 2014 г).
  11. Benfica vence com mais uma "obra de arte" de Gaitán“, SAPO, 2 март 2014 (посет. 8 јули 2014 г). (на Portuguese)
  12. Nico Gaitán eleito "Man of the Match" do Benfica – Sporting“, „SL Benfica“, 31 август 2014 (посет. 12 септември 2014 г). (на Portuguese)
  13. „Nico Gaitán renewed contract with SL Benfica until 2018“. 
  14. Walker, Joseph (30 September 2015). „How Benfica beat Atlético Madrid“. UEFA.com. конс. 1 October 2015. 
  15. „Nicolas Gaitan signs new Benfica deal to end Man United transfer speculation“. ESPN FC. 10 December 2015. конс. 10 December 2015. 
  16. „“Estou num dos melhores Clubes da Europa”“. 
  17. Gaitán transferido“, 16 јуни 2016. (на Portuguese)
  18. Agreement with Benfica for the transfer of Gaitán“, 16 јуни 2016.
  19. Nicolas Gaitan set to join Atletico Madrid from Benfica“, 16 јуни 2016.
  20. Gaitán, presentado como rojiblanco“, 19 јули 2016. (на Spanish)
  21. Con goles de Palermo, y el debut de Pulguita, Argentina "Ghanó" 2 a 0“, „tucumanalas7.com.ar“, 1 октомври 2009 (посет. 12 септември 2014 г).
  22. Na volta de Maradona, Argentina sofre para vencer juvenis da Costa Rica“, „copadomundo.uol.com.br“, 27 јануари 2010 (посет. 12 септември 2014 г).
  23. Sem Messi mas com Gaitán, Argentina empata na Costa Rica (0-0)“, „MaisFutebol.com“, 30 март 2011 (посет. 12 септември 2014 г).
  24. Argentina goleada (4-1) pela Nigéria com Belluschi e Gaitán no onze inicial“, „Jornal Noticias“, 1 јуни 2011 (посет. 12 септември 2014 г).
  25. Argentina, com Belluschi e Gaitán, volta a perder“, „MaisFutebol“, 5 јуни 2011 (посет. 12 септември 2014 г).
  26. DFB-Team kann di Maria nicht bremsen“, „kicker.de“, 3 септември 2014 (посет. 12 септември 2014 г). (на German)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]