Прејди на содржината

Нестор Огинар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нестор Огинар
Роден(а)3 февруари 1947(1947-02-03)
Скопје, НР Македонија
Починал(а)Њујорк, САД
27 септември 2024(2024-09-27) (возр. 77)
НационалностМакедонец
Занимањепрофесор, политичар

Нестор Огинар (Скопје, 3 февруари 1947 - 27 септември 2024) - македонски професор преселен во Соединетите Држави, активист на тамошната македонска дијаспора, и политичар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Огинар е роден на 3 февруари 1947 година во Скопје, во семејство на трговци и земјопоседници со потекло од тетовското село Волковија. Детството и раната младост ја поминал во Гостивар, Тетово и Битола каде што го завршил средното образование. Во 1968 година служел воен рок во тогашната ЈНА. Во 1969 година поради идеолошки несогласувања со КПЈ, односно КПМ, преку Виена заминал за Њујорк, САД каде завршил факултет за англиски јазик и книжевност со драма на Хантер Колеџот на Градскиот Универзитет во Њујорк. Во 1973 година се вратил во Македонија и работел како Професор по англиски во Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Во 1976 година се оженик со Милица, а потоа заедно се преселиле во Њујорк. На Хантер Колеџот завршил Магистратура по англиски јазик и книжевност и потоа се префрлил на Приватниот Њујорк Универзитет каде се стекнал со диплома Магистер по Филозофија и продолжил со Докторските студии по англиски јазик и книжевност. Од 1988 до пензионирањето во 2010 година, работел како Професор по англиски јазик и литература во Њујорк. Оженет е за Милица Огинар, професор д-р по француски јазик и литература. Татко е на три деца, два сина и ќерка. Како патриот бил активен за Македонската кауза уште од најраното детство и младост. Тој е еден е од основачите на Светскиот македонски конгрес (СКМ), и негов долгогодишен потпретседател и сенатор. Прв задграничен претставник на ВМРО-ДПМНЕ за Северна Америка и член на Советот на Интелектуалците. Во 2002 година, како Претседател на партијата Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ) учествувал на Парламентарните избори во сите 6 изборни единици. Тој е потпретседател и соосновач на СеМакедонскиот Национален Совет „Македониум“. Работел како асоцијативен член на меѓународниот институт на Шилер. Автор е на повеќе статии, есеји, трактати и дела печатени и во САД и во Македонија. Организатор и учесник на повеќе меѓународни конгреси. Организатор и учесник во повеќе протести, митинзи, собири ширум САД, Канада и Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]