СеМакедонски Национален Совет „Македониум“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
СеМакедонски Национален Совет „Македониум“
All-Macedonian National Council – "Makedonium"
СeМакедонски Национален Совет.JPG
КратенкаМНС „Македониум“
Основана19 јануари 2018
Типполитика
ЦелЗа спас на Македонија
Клучни лицаСтрашко Олумчев (претседател)
Нестор Огинар (потпретседател)
Марк Бранов (генерален секретар)
Мреж. местоsnsmakedonium.com

СеМакедонски Национален Совет „Македониум“ — политичка организација на Македонците од Македонија и дијаспората, формирана од македонската дијаспора за одбрана на македонските национални интереси.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

СеМакедонскиот Национален Совет бил формиран на 19 јануари 2018 година на Водици, кога бил објавен проглас за негово формирање. Прогласот содржел 18 точки кои денес се главни начела на организацијата. Основните начела се спроведување попис на населението во Македонија, внесување на придобивките од АСНОМ во Уставот, во делот на Преамбулата, потоа Македонија да биде една изборна единица, да се врати министерство за иселеништво, а на сите Македонци по род, по автоматизам да им се издава македонско државјанство, без оглед дали живеат во државата или надвор од неа. Потоа се барало и ревизија на приватизацијата на општествениот капитал, како и ревизија на имотите на сите македонски политичари и државни службеници од 1991 година досега и враќање на старите македонски симболи.

Совет[уреди | уреди извор]

Советот е биде управуван од Македонци од секаде од светот. За претседател е избран Страшко Олумчев, додека четворицата заменици претседатели се Нестор Огинар, Никола Ставрески, Ристо Поповски-Лавот , Виолета Матијевиќ, Ицо Најдовски-Перин. Во раководството уште се и Ангелина Маркус, Љупчо Мирчевски-Трепет, Воислав Зафировски, Костадинка Ѓорѓевска и други.

Наводи[уреди | уреди извор]