Прејди на содржината

Народна монархија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јапонскиот цар Нарухито, во 2019 година.

Народна монархија - систем на монархиско уредување каде титулата на монархот е во потесна врска со народот, а не со унитарната држава. Во некои земји тоа бил вообичаениот вид на уредување (како на пр. во Шкотска) уште од средниот век, а во некои Европски земји се јавила дури во XIX и XX век, честопати како резултат на народни револуции. Моментално Белгија е единствената земја која е официјална народна монархија. За царот на Јапонија индиректно се подразбира дека е народен владетел, бидејќи денешниот Устав на Јапонија вели дека суверенитетот лежи во народот.

ЗемјаТитулаБелешки
Свето Римско ЦарствоКрал на РимјанитеЕдно од звањата на царот
Кралство ХрватскаКрал на Хрватитеподоцна проширено во Крал на Хрватите и Далматинците
Кралство ПортугалијаКрал на ПортугалцитеПрвиот португалски крал, Алфонсо Енрикес, се нарекувал Крал на Португалците за да се памети дека бил избран на бојното поле од неговите соработници и поданици; нивните потомци пак, наместо ова ја користеле титулата Крал на Португалија.
Кралство ФранцијаКрал на ФранцузитеУпотребувана од Луј XVI од 1791 до 1792, и од Луј-Филип од 1830 до 1848.
Француско ЦарствоЦар на ФранцузитеКористена од Наполеон I, Наполеон II (но само за кратко и само церемонијално), и Наполеон III.
Кралство БелгијаКрал на БелгијцитеВо употреба од уставната заклетва на Леополд I во 1831. Белгиската народна монархија денес е единствената останата монархија од ваков вид.
Кралство ГрцијаКрал на ЕлинитеВо употреба од 1863 до укинувањето на монархијата во 1967.
Германско ЦарствоГермански царВо употреба од 1871 до 1918.
Кралство Југославија (СХС)Крал на Србите, Хрватите и СловенцитеВо употреба од 1918 до 1929, кога титулата се променила во Крал на Југославија.
Албанско КралствоКрал на АлбанцитеГо употребувал кралот Зог I од 1928 до 1943.
Кралство РоманијаКрал на РоманцитеВо употреба од 1881 до 1947.
Кралство ШкотскаКрал на ШкотитеОва звање станало поретко кога Џејмс VI го наследил англискиот престол, и затоа се нарекол Крал на Велика Британија. Со Унитарниот акт од 1707 г., шкотскиот престол се укинува како засебен, независен ентитет.

Поврзано

[уреди | уреди извор]