Мирча Картареску

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирча Картареску
Mircea Cărtărescu
Роден/а1 јуни 1956(1956-06-01)(67 г.)
Букурешт, Романија
Занимањероманописец, поет, раскажувач, есеист, новинар, универзитетски професор
Апсолвент наБукурешки универзитет
Книжевно движењеГенерација 80-ти, генерација блу џинс, постмодернизам
Години на активност1978–до денес
Сопруг/аЈоана Ниолае [ro]
Мирча Картареску
Академска работа
УстановиБукурешки универзитет

Мирча Картареску (романски: Mircea Cărtărescu) (1 јуни 1956, Букурешт) — романски раскажувач, поет, книжевен критичар и есеист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Картареску е еден од денешните водечки романски писатели. Учел во училиштето Кантемир Вода. За време на училишните денови, тој припаѓал на групата на Николае Манулеску. Својата книжевна кариера како поет ја започнал во 1978 година.

Подоцна студирал на Универзитетот во Букурешт, на Катедрата за романски јазик и книжевност, каде што дипломирал во 1980 година со теза за поезијата на Михаил Еминеску, која подоцна ќе се појави во неговата поетска книга Химерички сон. Истата година дел од неговите дела се објавени од познатата романска издавачка куќа „Карта романеска“.

Помеѓу 1980 и во 1989 година работел како наставник по романски јазик, потоа работел во Друштвото на писателите на Романија како уредник и во Кајете, списание за книжевна критика. Во 1991 година станал предавач на Катедрата за романска книжевна историја, катедра на Универзитетот во Букурешт, Катедра за романска книжевност. Докторирал со теза за романскиот постмодернизам во 1999 година. Од 2010 година на таа катедра бил именуван за вонреден професор. Помеѓу 1994 и во 1995 годинастанал гостувачки професор на Универзитетот во Амстердам, каде што ја имал истата позиција како и на Универзитетот во Штутгарт. За новелата Тело ја добил Меѓународната книжевна награда. Се оженил со поетесата Јоана Николае. Неговите дела се преведени на 22 светски јазици.

За книжевното дело[уреди | уреди извор]

Неговото книжевно и интелектуално созревање било во сенката на режимот на Чаушеску, но со разбирање дека тој треба да го гради својот свет во согласност со длабоките врски со највисоките барања на романската култура и нејзината европска определба. Како и повеќето интелектуалци од таа ера, негова лектира биле современите постмодернистички мислители и писатели: Ихаб Хасан, Жан-Франсоа Лиотар, Мишел Фуко, Жак Дерида, Ролан Барт, Сузан Зонтаг, Владимир Набоков, Умберто Еко, Борхес, Милан Кундера, Дејвид Лоџ, Мишел Турние, Хосе Сарамаго, Хулио Кортасар. Така изградил интелектуален објектив, благодарение на читањето и останува во Европа, дефинирајќи се себеси како писател на отпорот и критички интелектуалец, не само во сферата на доктринарната полемика меѓу модернизмот и постмодернизмот, туку и политичките ставови за односот меѓу тоталитаризам и демократија, утопија и либерален скептицизам. Своите гледишта за новата книжевност полемички ги презентирал во есеистичката книга Романски постмодернизам, 1999 година. Мирча Картареску е претставник на богата култура која во него најде силен и инвентивен толкувач и творец. Неговото поетско и прозно дело е и последица и полемички одговор и слика на времето и светот. Тој е лавиринтски испитувач на модерниот живот, општеството и поединецот и неговите емоции. Неговиот роман Носталгија предизвикал најголема почит, бидејќи е и едноставен, емотивен и потресен, обработувајќи ја политиката и судбината на градот и потрагата на поединецот за своето место меѓу возвишените значења и тривијалните слики од секојдневниот живот. Неговите романи се истовремено и глобални метафори, каде што гледаме преобразби на големи приказни, од Хомер до Џојс, и чекорење по тлото на секојдневниот живот каде неговите херои се откриваат како актери во светот на опстанокот и невозможните фантазии. Она што Картареску го освојува како писател не е само ерудитниот и длабок одраз на сликата за културата, што го среќаваме во романите, како и во епската поема Левант, туку и емоциите во кои покажува посебно знаење, емоции предизвикани од жена, емоции на среќа и тага поради невозвратена или изгубена љубов, емоција предизвикана од животот, која е „проникната со нестварни блесоци на голема и вистинска среќа“. Неговата книга со величествени и едноставни приказни „Зошто ги сакаме жените“, како и неговите љубовни песни, потврдуваат посебна култура на разбирање на човекот и неговиот свет. Леснотијата и суштината на неговите согледувања во таквите придонеси го доближуваат до достигнувањата на Чехов и Рејмонд Карвер.[1]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

  • Фарови, витрини, фотографии (1980)
  • Љубовни песни (1982)
  • Сè (1984)
  • Левант (1990)
  • Љубов (1994)
  • 50 сонети (2003)

Проза[уреди | уреди извор]

  • Слетување `83 (1983)
  • Сонот (1989)
  • Носталгија (1993) (нецензурирана верзија на сонот)
  • Слепило, (1996), (2001), (2002) трилогија
  • Змејска енциклопедија (2002)
  • Зошто ги сакаме жените (2004)
  • Прекрасни странци (2010)
  • Соленоид (2015)

Есеи[уреди | уреди извор]

  • Химерички сон – Подземјето на поезијата на Еминеску (1991)
  • Романски постмодернизам (1999)
  • Засекогаш млад, завиткан во пиксели (2003)
  • Бароне! (2005)

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Награда на Друштвото на романските писатели
  • Награда на Романската академија
  • Награда на списанието Флакара
  • Унија Латина
  • Le meilleur livre étranger
  • ASPRO
  • AER
  • Заслуга за култура
  • Елф
  • Куќа дер културен дер Велт
  • Спајчер
  • Меѓународна награда за литература „Нови Сад“, 2013 година.
  • Награда на Саемот на книга во Лајпциг
  • Еускади де Плата
  • Австриска државна награда за европска литература
  • Грегор фон Рецори
  • Томас Ман
  • Форматор

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДКВ“. Образложење поводом Награде Међународног књижевног фестивала Нови Сад. Посетено на 07. 12. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]