Мишел Турние

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мишел Турние
Michel Tournier.jpg
Роден/а19 декември 1924
Париз, Франција
Починат/а18 јануари 2016
Шоазел, Франција
Занимањеписател
Јазикфранцуски
Жанрроман

Мишел Турние (19 декември 192418 јануари 2016) — француски писател, добитник на наградата за најдобар роман од француската академија за делото Петок или другиот остров во 1967, како и на наградата „Гонкур“ за романот Глупавиот крал во 1970. Инспирација му биле германската култура, католицизмот, и учењето на филозофот Гастон Башлар. Живеел во Шоазел каде и починал на 91 години, а повремено бил во конкуренција за Нобеловата награда за литература.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Турние бил роден во Париз, а неговите родители се запознале на универзитетот Сорбона каде студирале германски јазик. Детството го минал во Сен Жермен ан Ле, а како мал учел германски и секое лето престојувал во Германија. Учел филозофија на Сорбона и на универзитетот во Тибинген, каде му предавал Морис де Жандиљак. Турние сакал да предава филозофија во средно училиште, но не успеал да се стекне со лиценца.

Турние се вработил во радио Франција како новинар и преведувач и бил домаќин на програмата L'heure de la culture française. Бил дописник на весниците Фигаро и Ле Монд. Од 1958 до 1968, Турние бил директор на издавачката куќа Плон. Својата прва книга Петок или другиот остров ја објавил во 1967, која била прераскажување на Робинзон Крусо од Даниел Дефо, и добил награда за најдобар роман од француската академија. Турние починал на 91 година во домот во Шоазел.[2]

Дела[уреди | уреди извор]

  • Vendredi ou les Limbes du Pacifique (1967)
  • Le Roi des aulnes (1970)
  • Les Météores (1975)
  • Le Vent Paraclet (1977)
  • Vendredi ou la Vie sauvage (1977)
  • Le Coq de bruyère (1978)
  • Gaspard, Melchior et Balthazar (1980)
  • Le Vol du vampire (1981)
  • Gilles et Jeanne (1983)
  • La Goutte d'or (1986)
  • Petites Proses (1986)
  • Le Medianoche amoureux (1989)
  • La Couleuvrine (1994)
  • Le Miroir des idées (1994)
  • Eléazar ou la Source et le Buisson (1996)
  • Journal extime (2002)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Nobelpristagaren klar redan i morgon". DN.SE. конс. 19 January 2016.  (француски)
  2. "L'écrivain Michel Tournier est mort à l'âge de 91 ans". Le Figaro.fr. конс. 18 January 2016.  (француски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]