Методиј Кусев
| Методиј Старозагорски | ||
| Роден | Тодор Јовчев Кусев 1838 или 1840 Прилеп, Румелиски Пашалак, Османлиска Империја | |
|---|---|---|
| Починал | 21 март 1922 (возр. 83–84) Стара Загора, Царство Бугарија | |
Методиј Кусев или Кусевич (световно име Тодор Јовчев Кусев)― духовник на Егзархијата, општественик, борец за црковна независност и политичка слобода, Старозагорски митрополит од 1896 до 1922 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Митрополит Методиј е роден во 1838 г. во Прилеп како Тодор Јовчев Кусев. Тој завршил основно образование во Алилодидактичкото грчко училиште, а потоа грчката прогимназија во својот роден град.
Кусев е еден од првите кој барал да биле возобновена Охридската архиепископија како македонска народна црква. Уште како еден од најагилните и најдарените членови на прилепската младина и секретар на Прилепската црковно-училишна општина, Тоде Кусев, идниот митрополит Методиј Кусевич, по повод излегувањето на бугарскиот весник „Македонија“ во јануари 1867 година во Цариград, се појавил со свој допис во весникот:[се бара извор]
| „ | Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера што секој трча да види што весник е тоа што го носи името на нашата земја... | “ |
Во истото писмо нагласува дека:
| „ | Искрата на нашата иднина. Но, колку и да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го искоренат сосем чувството Македонците да не бидат Македонци. Не само во Охрид, денеска се будат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старословенски јазик, да не ги оставаат училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место... Насекаде почнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки, туку на мајчин јазик | “ |
Учество во црковната борба и создавањето на Бугарската егзархија
[уреди | уреди извор]
На Првиот црковно-народен собор на Бугарската егзархија во Цариград во 1871 г., како претставник на Битолската (Пелагониската) епархија, Тодор Кусев одиграл клучна улога за обединувањето на сите претставени епархии кон егзархијата.
Во 1873 година, Тодор Кусев бил потстриган во монаштво под името Методиј и е назначен за протосингел на Пловдивската митрополија (до 1880 година). За усрдното служение е воведен во архимандритски чин. За време на Априлското востание, во услови на исклучителен ризик, архимандрит Методиј им претставува на претставниците на Големите сили во Цариград докази за ѕверските насилства врз бугарското христијанско население. Значајна е и помошта, која Методиј ја давал на руската главна команда во Руско-турската војна. Методиј Кусев учествувал и во движењето против Берлинскиот конгрес од 1878 година, кој ја оставил неговата родна Македонија под османска власт.
Од 1879 до 1886 година, тој бил протосингел на егзархот Јосиф I.
Образование во Русија
[уреди | уреди извор]
Во 1886 година, тој заминал да се школува во Русија, каде ја завршил Киевската духовна богословија, а потоа се школувал во познатата Петербуршка духовна академија. Во ова време, според Александар Трајановски: „Архимандритот Кусевич, прво во Солун, а потоа и во Цариград, агитирал меѓу Македонците за решавање на македонското црковно прашање преку возобновување на Охридската архиепископија на унијатска основа, затоа што бил разочаран од политиката која Русија и Бугарија ја воделе кон Македонија. По сè изгледа, ова движење го привлекло Кусевич и тој потајно посакувал оваа дипломатска лакрдија да стане реалност“.[1]
Од 1892 до 1893 година, архимандрит Методиј бил првиот ректор на Цариградската духовна богословија (денешната Пловдивска духовна богословија „Св. Кирил и Методиј“ „Св. Кирил и Методиј“).
Старозагорски митрополит
[уреди | уреди извор]На 22 април 1894 година, архимандрит Методиј добил епископски сан со титула Велички и бил назначен за управител на епархијата на Стара Загора. В 1895 година Кусев заедно со Илија Георгов, Георги Паунчев и Георги Капчев, бил член на делегација, која од името на Македонскиот комитет во Плоешт ја молел руската влада за приложување на ветените од Берлинскиот конгрес реформи во Македонија.[2] Во 1896 година, Светиот Синод на Бугарската егзархија го избрала за Старозагорски митрополит (1896-1904 и 1920-1922).

За време на Балканските војни, Митрополит Методиј развивал дејност во полза на словеногласното (македонско) население од Македонија. Во 1913 година, тој ја издал книгата „Македонија во своите жители само Срби нема“. Во 1914 година, Методиј Кусев ја издал книгата „Погромот на Бугарија. Виновникот“, во која ја обвинувал руската политика за бугарската национална катастрофа.[3]
Митрополит Методиј одииграл видна улога во општествениот живот на Стара Загора. Автор е на многу статии и брошури за црковни и национални прашања. По негова иницијатива бил создаден убавиот парк „Ајазмото“. За неговите огромни заслуки кон градот и неговите граѓани, кон крајот на 2000 година, митрополит Методиј Старозагорски бил удостоен посмртно од клубот „Отворено општество“ со титулата „Личност на милениумот“.
Методиј Старозагорски умрел на 1 ноември 1922 година. Тој бил погребан во Стара Загора, во паркот „Ајазмото“, непосредно до „црквата „Св. Теодор Тирон“.
Дела
[уреди | уреди извор]
Автор е на повеќе брошури:
- Безбожието како последна заблуда... (Безбожието като последно заблуждение от нравственно огрубение : Слово на 21 неделя от „Св. Светих“, произнесено в църквата „Храм Введение Пресветия Богородици“ в Стара-Загора от управляющий Старо-Загорската Епархия, Величкий епископ Методия, 1895)
- Обидите на католичката пропаганда во гр. Ст.-Загора. Борба за смрт или живот на Бугарија (Покушенията на католическата пропаганда в гр. Ст.-Загора. Борба за смърть или животъ на България, 1899)
- Македонија во своите жители само срби нема (Македония в своите жители само сърби няма, 1913)
- Погромот на Бугарија. Виновникот (Погрома на България. Виновникът, 1914)
- Војната Спасителна за Бугарија (Войната Спасителна за България, 1917)
Извори
[уреди | уреди извор]- Ендиклопедија Бугарија, том 4, Издаваштво на БАН, Софија, 1984 (статијата е под името Методиј Кусевич)
- Биографија во www.pravoslavieto.com
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Трајановски, Александар (2001). Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII и во текот на XIX век – до основањето на ВМРО. Скопје: ИНИ. стр. 204.
- ↑ Централният македонски комитет на Георги Капчев (1898 - 1899), во: Елдъров, Светлозар. Върховният македоно-одрински комитет и македоно-одринската организация в България (1895 - 1903), Иврай, 2003, стр. 245.
- ↑ Погрома на България. Виновникътъ, отъ единъ петдесеть годишенъ дѣецъ за освобождението на стара България - Македония. Старъ българинъ, Македонецъ. Д-рпечатница „Свѣтлина“, Стара Загора, 1914.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Образовни функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Нова функција |
Ректор на Цариградската бугарска духовна семинарија 1892–1894 |
Наследник Станимир Станимиров |
| Духовни титули | ||
| Претходник прв |
Старозагорски митрополит 1896–1922 |
Наследник Павел |