Мерван Челик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шведска Мерван Челик
Mervan Çelik Gençlerbirliği.jpg
Лични податоци
Роден на 26 мај 1990 (1990-05-26) (25 г.)
Роден во Хисинген, Шведска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Генчлербирлиги Генчлербирлиги
Број 11
Младинска кариера
Хекен Хекен
ГАИС ГАИС
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 ГАИС ГАИС 68 (18)
2012 Ренџерс Ренџерс 5 (0)
2012 ГАИС ГАИС 14 (2)
2012-2013 Пескара Пескара 23 (4)
2013- Генчлербирлиги Генчлербирлиги 30 (3)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Мерван Челик (роден 26 мај 1990 година) е шведски фудбалер од курдско потекло, играч од средниот ред на турскиот Генчлербирлиги.

Тој претходно играл за шкотскиот гигант Ренџерс, а кариерата ја започна во Гаис. Има настапи за шведската репрезентација во младинските категории под 19 и под 21-на година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гаис[уреди | уреди извор]

Челик играл за Варта и Хекен на младинско ниво пред да дојде во ГАИС во 2007 година. "Почнав како напаѓач, но сега играм како внатрешен играч од средниот ред или на крило. За мене тоа не е важно дали играм на десната или на левата страна, и двете позиции се отворени за мене ", изјавил тој во интервју на веб-сајтот на клубот. Челик го направи своето официјално деби против Сундсвал во шведската прва лига на 20 јули 2008 година, а шест недели подоцна тој за првапат се појави во почетниот тим против Гетеборг. Тој потпиша тригодишен договор во мај 2009, и го постигна својот прв гол за клубот нешто подоцна истата година против Калмар.

Ренџерс[уреди | уреди извор]

По завршувањето на неговиот договор со ГАИС тој замина од клубот, и одлучи да ја прифати понудата на шкотскиот премиерлигаш, Ренџерс. Челик потпиша со Ренџерс на 20 Јануари, 2012 на три-ипол години. Откако на Ренџерс му беше доделена административна казна клубот мораше да се ослободи од неколку играчи во текот на сезоната, а токму Челик заедно со Грег Вајлд беа првите двајца којшто избраа да го напуштат клубот во март 2012 без исплата. Тој истакна дека тој не се кае што заминал во Ренџерс, но клубот влегува во администрација од која исходот е непредвидлив.

Враќање во Гаис[уреди | уреди извор]

По напуштањето на Ренџерс во март 2012, Челик потпишал осум месечен договор со ГАИС во кој се вратил по три месеци. Тој одиграл 14 натпревари, во кој постигна и два гола против Хелсинборг на гости (натпреварот завршил 1-1) и против Сундсвал (1-2).

Пескара[уреди | уреди извор]

На 24 јули 2012, Челик потпишал за новакот во Серија А, Пескара за сума од скоро 1 милион евра. Своето деби во Серија А го направил на 26 август 2012 во поразот на домашен терен од Интер со 0-3.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Челик е роден и израснал во предградието Бископсгарден (палата Бишоп), во градот Хисинген, остров кој е дел од Општината Гетеборг. Родителите на Челик се етнички Курди од Турција. Неговата мајка и татко живееле во Конија пред да се преселат во Шведска, каде што татко му отворил ресторан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]