Матница (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Матница
Мътница
Местоположба
МестоНеврокопско (Оп. Хаџидимово), Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • место1 км СИ од врвот Муторок, Јужен Пирин
 • координати41°31′12″ N; 23°39′31″ E / 41.52° СГШ; 23.6586° ИГД / 41.52; 23.6586
 • надм. вис.1.685 м
Устие 
 • место
р. Места, 2,6 км ЈИ од Хаџидимово
 • координати
41°30′12″ N; 23°53′22″ E / 41.5033° СГШ; 23.8894° ИГД / 41.5033; 23.8894Координати: 41°30′12″ N; 23°53′22″ E / 41.5033° СГШ; 23.8894° ИГД / 41.5033; 23.8894
 • надморска височина
457 м
Должина31 км
Големина на сливот176 км2
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Матница (бугарски: Мътница) — река во Неврокопско (Општина Хаџидимово) Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 31 км.[1]

Реката извира на надморска височина од 1.685 м, на 1 км североисточно од врвот Муторок (1.971 м) на Јужен Пирин. Во најгорното течение оди во југоисточен правец, во релативно длабока и добро пошумена долина, а потоа до устието долината ѝ е обесшумена и еродирана. Во подрачјето на с. Л’ки прескува широк мермерен појас, каде губи дел од водите. По утоката на најголемата притока Буровица (десна) свртува на исток, а по с. Либјахово (Илинден) — на североисток. Завршува како десна притока на Места, 2,6 км југоисточно од градот Хаџидимово, а на мало растојание од границата со Егејска Македонија.

Сливот на реката зафаќа 176 км2, што претставува 5,11 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки се Селска Река, Буровица (најголема), Орешки Дол, Длабоки Дол и Дервенска Река, сите десни.

Матница има мошне променлив режим и повлекува големо количество наноси, поради што го носи своето име. Летно и есенско време во средното и долното течение пресушува.

По течението на реката има населени места: селата Либјахово (Илинден) и Петралик (Петрелик), обете во Општина Хаџидимово.

Мал дел од водите во долното течение се користат за наводнување.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том 1. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 598. ISBN 954-90006-1-3.
  2. Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 330.