Хаџидимовска Клисура

Координати: 41°28′01″N 24°01′01″E / 41.467° СГШ; 24.017° ИГД / 41.467; 24.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџидимовска Клисура
Хаџидимовската Клисура кај с. Теплен
Надм. висина406 м
Должина34 км СИ - ЈЗ
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаНеврокопско, Пиринска и Егејска Македонија
ЗемјиБугарија и Грција
Координати41°28′01″N 24°01′01″E / 41.467° СГШ; 24.017° ИГД / 41.467; 24.017
РекаМеста

Хаџидимовска Клисура (бугарски: Хаджидимовски пролом) — кањонска клисура на реката Места во Пиринска и Егејска Македонија, меѓу Бесленски Рид (северен дел на Драмски Боздаг) на југозапад и крајните југозападни разграноци на Доспат (или Дабраш, најзападниот дел од Западните Родопи) на североисток во Општина Хаџидимово на бугарска и општината Неврокоп на грчка територија.[1]

Долга е 34 км, од кои 17 км се во Пиринска, а 13 км во Егејска Македонија; останатите 4 км сочинуваат дел од државната граница. Средната надморска височина изнесуа околу 406 м. Хаџидимовската Клисура е тесна, со стрмни страни, всечени во протерозојски метаморфни карпи, претежно гнајсеви. Падините се обраснати со дабови шуми, особено со благуни. Во течението на Места низ клисурата, реката од десно ја прима нејзината притока Матница.

Клисурата започнува во најјугоисточниот дел на Неврокопската Котлина, јужно од селото Блатска, на 466 м.н.в. и се насочува на југоисток. По 17 км, во нејзиниот средиштен дел, стасува до државната граница со Грција, на височина од 406 м. Оттука, во должина од 4 км по средината врви државната граница, по што наполно навлегува во Егејска Македонија. По 13 км, веќе главно насочена кон југ, завршува западно од селото Борово (Потами) кај устието на реката Доспат, влевајќи се одлево во Места, на 363 м.н.в. Најдолниот дел на клисурата (околу 2 км) е зафатен од „опашката“ на вештачкото Черешовско Езеро (Тисаврос), кои се исполнуваат со вода при висок водостој.

Високо горе, по десната (југозападна) долинска падина на клисурата во Пиринска Македонија се сместни селата Теплен и Беслен, а на во Егејска Македонија нема населени места.

Топографски карти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 516.