Максимилијан I Јосиф од Баварија
Максимилијан I Јосиф | |
---|---|
![]() | |
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1822 | |
На престол | 1 јануари 1806 – 13 октомври 1825 |
Наследник | Лудвиг I |
На престол | 16 февруари 1799 – 6 август 1806 |
Претходник | Чарлс I |
Наследник | титулата е укината |
Сопружник | Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат (в. 1785; п. 1796) Принцеза Каролина од Баден (в. 1797) |
Полно име | |
македонски: Максимилијан Марија Михаел Јохан Баптист Франц де Паула Јосиф Каспар Игнатиус германски: Maximilian Maria Michael Johann Baptist Franz de Paula Joseph Kaspar Ignatius | |
Династија | Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен |
Татко | Фридрих Михаел фон Пфалц-Цвајбрикен |
Мајка | Марија Франциска фон Пфалц-Сулцбах |
Роден(а) | 27 мај 1756 Шветцинген, Палатин Цвајбрикен, Свето Римско Царство |
Починал(а) | 13 октомври 1825 (возр. 69) Минхен, Баварија, Германски Сојуз |
Почивалиште | Црква Театин, Минхен |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Максимилијан I Јосиф (германски: Maximilian I Joseph; 27 мај 1756 - 13 октомври 1825) — војвода на Цвајбрикен од 1795 до 1799 година, изборен кнез на Баварија (како Максимилијан IV Јосиф) од 1799 до 1806 година и крал на Баварија (како Максимилијан I Јосиф) од 1806 до 1825 година. Тој бил член на династијата Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен, огранок на династијата Вителсбах.
За време на Наполеоновите војни, во сојуз со Франција, на 1 јануари 1806 се прогласува за крал на Кралството Баварија. Преку радикалните реформи и територијалните промени во неговото време, Баварската држава успева да стане трета најмоќна германска држава по Кралството Прусија и Австриското Царство. Меѓу неговите поданици, тој бил познат како „Крал Макс“, користејќи ја популарната кратка форма на неговото име.
|