Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аугуста Вилхелмин
Portrait der Pfalzgräfin Auguste Wilhelmine von Pfalz-Zweibrücken (1765-1796).jpg
Портрет од Јохан Фридрих Дријандер.
Сопруга на војводата на Цвајбрикен
На престол 1 април 1795 – 30 март 1796
Сопружник Максимилијан I Јосиф од Баварија (в. 1785)
Полно име
македонски: Марија Аугуста_Вилхелмин
германски: Marie Auguste Wilhelmine
Татко Џорџ Вилијам од Хесе-Дармштат
Мајка Марија Луиз Албертин од Лајнинген-Фалкенбург-Дагсбург
Роден(а) 14 април 1765
Дармштат, Германија
Починал(а) 30 март 1796 (возр. 30)
Рорбах, Германија
Вероисповед Лутеранство

Принцеза Аугуста Вилхелмин од Хесен-Дармштад (германски: Marie Auguste Wilhelmine von Hessen-Darmstadt) (14 април 1765 година-30 март 1796 година) — војвотка, сопруга на војводата на Цвајбрикен Максимилијан, и мајката на кралот Лудвиг I од Баварија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Аугуста Вилхелмин е родена во Дармштат, четврта ќерка и деветто дете на принцот Џорџ Вилијам од Хесе-Дармштат (втор син на Луј VIII, Лендгрејв од Хесен-Дармштат) и грофицата Марија Луиз Албертин од Лајнинген-Фалкенбург-Дагсбург.

Брак со Максимилијан[уреди | уреди извор]

На 30 септември 1785 година, во Дармштат, Аугуста Вилхелмин се омажи за Максимилијан, грофот Палатин од Цвајбрикен (подоцна крал Максимилијан I Јосиф). Максимилијан бил офицер во француската војска стационирана во Стразбур, но парот исто така често го посетувал Париз.[1]

Во 1789 година, полкот на Максимилијан се побунил и тој и Аугуста побегнале во домот на нејзините родители во Дармштат.[2] Во следните пет години, тие живееле претежно во соседниот град Манхајм. Во декември 1794 година, француската војска го нападнала Манхајм, а Аугуста била приморана да избега од градот, бидејки нејзиниот дом бил гранатиран од француската артилерија.[3]

Војвотката од Цвајбрикен[уреди | уреди извор]

Во април 1795 година, Максимилијан го наследил својот брат како владејачки војвода од Цвајбрикен; сепак, неговото војводство беше целосно окупирано од Французите. Во март 1796 година, Аугуста Вилхелмин, која отсекогаш имала нежни бели дробови, конечно подлегнала на болеста и починала во Рорбах. Таа беше погребана во Дармштат.[4][5]

Деца[уреди | уреди извор]

Таа имала пет деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Egon Caesar Corti, Ludwig I of Bavaria (London: Thornton Butterworth, 1938), 15.
  2. Corti, 19.
  3. Corti, 21.
  4. Corti, 24.
  5. Hans Rall, Wittelsbacher Lebensbilder von Kaiser Ludwig bis zur Gegenwart (Munich: Wittelsbacher Ausgleichsfonds), 142.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Winkler, Wilhelm. "Die Mutter König Ludwig I. von Bayern nach ungedruckten Briefen", Die Wächter (1924).