Прејди на содржината

Македонски Авиотранспорт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски Авиотранспорт
MAT Macedonian Airlines
IATA ICAO Ознака
IN MAK MAKAVIO
Основан16 јануари 1994
Почнал со работа23 јуни 1994
Престанал со работа1 септември 2009
Работни бази
Летала16 (вкупно)
Одредишта16 (вкупно)
СедиштеСкопје
РаководствоЗлатко Петровски (претседател)

Македонски Авиотранспорт (на англиски: Macedonian Airlines), скратено МАТ, била македонска авиокомпанија и еден од двата национални авиопревозници кои ги имала Македонија, со седиште во тогашниот Аеродром „Александар Велики“ во Скопје. Основана е во 1994 година. Компанијата летала на одредишта во Европа. Во текот на своето постоење користела вкупно 16 летала. Престанала со работа во 2009 година.

Историја

[уреди | уреди извор]
Авионот Боинг 737-200 на МАТ во Цирих, декември 1994 г.

Компанијата МАТ била основана на 16 јануари 1994 година, но својот прв лет го извела на 23 јуни истата година од аеродромот во Скопје до Аеродромот Клотен во Цирих, Швајцарија со леталото Боинг 737-200. Статусот на национален авиопревозник компанијата го добила во 2000 година по договор со македонската Влада и истиот требал да важи за наредните 10 години.

Во периодот од 2008 па сè до нејзиното распуштање во септември 2009 година, компанијата бележи неколку негативни настани. Во декември 2008 година ѝ е забранет влез во воздушниот простор на Германија и Италија поради неплатени давачки во периодот од 1999 до 2005 година. Со тоа таа ги губи одредиштата до Берлин, Диселдорф, Хамбург и Рим.

Грција исто така ѝ забранила влез на МАТ во нејзиниот воздушен простор, но поради политички причини околу спорот за името Македонија. Ова сепак било решено до одреден степен со договор во 2009 година, кога на авиопревозниците од двете земји им било дозволено да влегуваат во воздушните простори, но според истиот македонските авиопревозници не можеле да слетуваат на аеродромите во Грција.

Во 2009 година раководството на МАТ отпуштило дури 70 од вкупно 180 вработени. Во март истата година српскиот национален авиопревозник Јат Ервејс ги соопштил за своите намери да ги преземе поголемиот дел од акциите на МАТ. Компанијата го губи својот Сертификат за авиотранспорт и на првиот ден од месец септември 2009 година престанува со работа.

Одредишта

[уреди | уреди извор]

Во текот на своето постоење, Македонски Авиотранспорт имал летови до вкупно 16 одредишта. Тој летал меѓу домашните аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и низ уште 14 аеродроми во Европа. Одредиштата до аеродромите Берлин-Шенефелд, Диселдорф и Хамбург во Германија и аеродромот „Леонардо да Винчи-Фјумичино“ во Рим, Италија биле прекинати во декември 2008 година поради неплатените давачки.

Список на одредиштата
Ова се сите одредишта кои ги нудила компанијата во текот на своето постоење. Аеродромите на списокот се подредени според азбучен ред.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]