Луч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луч
Luch magazine frontpage.JPG
Насловна страница на весникот, година ІІ, број 3, 30 март 1938 г.
Типсписание
СопственикЃорѓи Киселинов
УредникБорис Арсов
Основан1 јуни 1937
Јазиксрпски
СедиштеСкопје

„Луч“ (српски: Луч, во превод Луч т.е Светлина) — месечно списание за културни, економски и социјални прашања. Сопственик бил Ѓорѓи Киселинов, одговорни уредници тој и д-р Борис Арсов , а било печатено во скопската печатница „Немања“. Во него соработувале Благој Благоев, Димитар Ѓузелов, Антон Панов, Радослав Петковски, Цеко Стефанов, д-р Т. А. Робе, Глигор Ставридис и др. Подоцна била извршена сопственичка трансформација на списанието во акционерско друштво на 28 лица (1 мај 1938 година). Излегувањето било забрането од јавниот обвинител.[1][2]

Членови-партнери на предпријатието „Луч“[уреди | уреди извор]

Број Име Од Професија
1 д-р Теодосиј Робев Битола стопанственик, потомок на фамилијата Робеви
2 д-р Борис Арсов Крива Паланка правник
3 проф. Ѓорѓи Киселинов Ресен филолог, главен двигател на редакцијата
4 д-р Александар Георгиев Кратово лекар[3]
5 Христо Попсимов Охрид поет, правник, внук на Григор Прличев
6 д-р Иван Анастасов Кавадарци лекар, син на Григор Анастасов
7 д-р Петар Здравев Тетово лекар, член на Академското друштво „Македонија“ од Женева
8 д-р Тодор Хаџимитков Скопје ветеринар
9 д-р Георги Донов Ресен хемичар
10 д-р Тодор Мировски Штип економист
11 Спиро Китинчев Скопје виден политичар
12 инж. Кирил Жерновски Дебарско
13 инж. Атанас Атанасов Куманово
14 инж. Димитар Караџов Штип градоначалник
15 Тома Кленков Струга аптекар во Свети Николе
16 Тома (Томче) Попцветанов Кочков Скопје бивш учител,
17 поп Стоилко Давидов Кратово свештеник во Скопје
18 Милче Стојанов Скопје аптекар
19 Антон Панов Дојран автор на драмата „Печалбари
20 Филип Каваев Струга учител, автор на патриотски разкази
21 Атанас Чорбев Велес пратеник
22 Сане Санев Скопје трговец
23 Тихомир Здравев Скопје трговец
24 Методиј Минчев Скопје чиновник
25 Коце Ванов Велес стопанственик,
26 Сотир Тренчев Ресен правник, адвокат во Битола
27 Цеко Стефанов Попиванов Скопје, потекло од Кочани новинар со леви убедувања
28 Методи Андонов Ченто Прилеп трговец винар
29 Трајко Рибарев Скопје трговец, потомок на родот Рибреви, член на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО)
30 Павле Гичев Велес саатџија во Скопје, член на ММТРО
31 Андреј Алексов Михајлов Скопје трговец, виден член на ММТРО
32 Михо Михајлов Скопје трговец, член на ММТРО
33 Никифор (Форе) Талаганов Скопје трговец, член на ММТРО
34 Зафир Џиков Скопје трговец
35 Георги Симонов Велес месар
36 Васил (Васе) Димитров (Димчев) Пупков Скопје книжар и сопственик на печатница[4]
37 д-р Милош Јаковлевиќ Галичник лекар, чиновник во Бановината[5]
38 Аца Цветкович Битола началник на одделение во Бановината
39 Јосиф Михајловиќ Тресонче инженер, бивш градоначалник на Скопје
40 Љуба Марковиќ Дримкол критичен кон режимот[6]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 389-391
  2. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 65.
  3. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 151.
  4. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152.
  5. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152 - 153.
  6. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 153.