Кирил Жерновски
| Кирил Жерновски | ||
| Роден | 21 октомври 1897
Дебар, Битолски Вилает, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 28 декември 1972 (возр. 75) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
| Националност | Македонец-Југословен | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | градежен инженер, универзитетски професор | |
| Роднини | Андреј (внук) | |
Кирил Жерновски (роден на 21 октомври 1897 година во Дебар - починал на 28 декември 1972 година во Скопје) — македонски градежен инженер и професор на Техничкиот факултет и Градежниот факултет во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде што дипломирал на Техничкиот факултет. Пред Втората светска војна, тој водел приватно проектантско биро, преку кое остварил многубројни градби, а бил и претседател на Инженерската комора на Скопје (1937–41). Потоа станал заменик-градоначалник на Скопје, во периодот од јули 1941 до почетокот на 1943 година, во времето кога Скопје било под бугарска окупација.[2] Жерновски бил делегат Второто заседание на АСНОМ.[3]
Учествувал во НОБ, а по Ослободувањето, тој бил директор на Скопската дирекција на железниците, на „Пробиро“ и помошник министер за градежништво (1947–49). Жерновски бил еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје, на кој бил и декан (1950–52). Бил член на списанието „Луч“.[4] Тој бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје во периодот од 1961 до неговото пензионирање во 1967 година по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи. Силно влијаел врз повоениот развој на македонското градежништво, посебно на полето на изградба на инженерски градби, особено хидротехнички и сообраќајни.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жерновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 542–543. Text "series " ignored (help)
- ↑ Българското управление във Вардарска Македония (1941-1944). София, 2011, 412-435.
- ↑ „Служебен весник издаван од АСНОМ, стр. 49“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2020-08-03.
- ↑ Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152.
- Родени во 1897 година
- Луѓе од Дебар
- Починати во Скопје
- Починати во 1972 година
- Македонски градежни инженери
- Македонски општественици
- Македонски универзитетски професори
- Македонски декани
- Југословенски инженери
- Југословенски општественици
- Југословенски универзитетски професори
- Југословенски декани
- Отомански Македонци
- Делегати на Второто заседание на АСНОМ
- Професори на Градежниот факултет - Скопје
- Професори на Техничкиот факултет - Скопје
- Декани на Техничкиот факултет - Скопје