Прејди на содржината

Лејвеј (пејачка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лејвеј
Лејвеј за време на интервју со iHeartRadio во 2023
Животописни податоци
Родено имеЛејвеј Лин Бинг Јонсдотир / 林冰[1][2]
Роден(а)23 април 1999(1999-04-23)(25 г.)
Рејкјавик, Исланд
Жанрови
Занимања
  • Кантавтор
  • музички продуцент
Инструменти
  • Глас
  • пијано
  • гитара
  • виолончело
  • виолина
Период на активност2020–денес
ИздавачиAWAL
Мреж. местоlaufeymusic.com

Лејвеј Лин Бинг Јонсдотир (исландски: Laufey Lín Bing Jónsdóttir; кинески: 林冰; пинјин: Lín Bīng; роден на 23 април 1999 година), позната како Лејвеј (исландски: Laufey) ― исландска пејачка и музичар.

Рани години и образование

[уреди | уреди извор]

Лејвеј Лин Бинг Јонсдотир била родена на 23 април 1999 година во Рејкјавик во Исланд. Нејзиниот татко е Исланѓанец, а мајка ѝ е Кинеска, по потекло од Гуангџоу. Нејзината мајка била класичен виолинист. Во детството, две години живеела во Вашингтон, а во 2008 година се вратила во Рејкјавик.[3] Лејвеј почнала да учи пијано на четири години, а виолончело на осум години. Дипломирала во 2018 година на Музичкиот колеџ во Рејкјавик, каде што студирала и пеење.[4] Детството го поминала на релација Рејкјавик и Вашингтон, но и во посети на Пекинг.[5]

На 15-годишна возраст, Лејвеј настапувала како солист на виолончело со Исландскиот симфониски оркестар. Во 2014 година се натпреварувала на Исланд има талент и успеала да се пласира во финалето. Следната година се натпреварувала на The Voice Iceland и стигнала до полуфинале. Во тоа време, таа била најмлад натпреварувач во историјата на серијата.

Во 2021 година Лејвеј дипломирала со претседателска стипендија на музичкиот колеџ „Беркли“, а од октомври 2023 година живее во Лос Анџелес.[6]

Лејвеј во 2021 година

На 6 април 2020 година, Лејвеј го објавила нејзиниот прв сингл „Street by Street“, кој се пробил до прво место на топ-листата на Исландското радио (RÚV). Првиот мини-албум, Typical of Me, го објавила на 30 април 2021 година. Мини-албумот ја содржел песната „Street by Street“ и шест други песни. Списанието Ролинг Стоун особено ја пофалил нејзината изведба на песната „I Wish You Love“, а American Songwriter го вклучил мини-албумот на нивниот список од најдобри албуми за 2021 година. Исто така, Typical of Me добил внимание од музичари како Били Ајлиш.

Истата година, Лејвеј настапила на Лондонскиот џез фестивал. Речиси истовремено, во соработка со оркестарот на Лондонската филхармонија, таа ја снимила и ја објавила песната „Let You Break My Heart Again“. Во декември 2021 година, во соработка со пејачката Доди, го издала синглот „Love to Keep Me Warm“, преработка на песната „Winter Weather“ од Тед Шапиро.[7] [8]

Нејзиниот прв албум, Everything I Know About Love, бил објавен на 26 август 2022 година и добил позитивни критики.[9]

Во август 2023 година, било објавено дека Лејвеј потпишала светски договор за издавање со Warner Chappell Music (WCM).[10] Нејзиниот втор албум, Bewitched, бил објавен на 8 септември 2023 година.[11] Албумот бил пофален од критичарите, а на Лејвеј ѝ ја донел првата Греми награда, награда за најдобар традиционален поп вокален албум на 66-тото годишно доделување на Греми наградите одржано во февруари 2024 година.[12]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Everything I Know About Love (2022)
  • Bewitched (2023)
  1. Judkis, Maura (14 September 2023). „Chinese-Icelandic jazz singer Laufey wants Gen Z to fall in love“. Washington Post. Посетено на 26 January 2024.
  2. „24歲中國冰島混血女歌手林冰獲葛萊美獎“ [24-year-old Chinese-Icelandic female singer Lin Bing [Laufey] wins Grammy Award] (кинески). World Journal. 5 February 2024. Архивирано од изворникот 29 February 2024. Посетено на 12 February 2024.
  3. Ruskin, John (24 October 2023). „Nardwuar vs. Laufey“. Nardwuar. Архивирано од изворникот на 21 December 2023. Посетено на 21 December 2023.
  4. „Á forsetastyrk til Berklee“. www.mbl.is (исландски). Архивирано од изворникот на 19 September 2023. Посетено на 2023-09-12.
  5. Mok, Laramie (19 September 2023). „Meet Laufey, the Icelandic-Chinese Gen Z musical talent: from her record-breaking debut album Bewitched to her love of Chanel and fashion, to her upcoming Hong Kong concerts at KITEC – interview“. South China Morning Post. Архивирано од изворникот на 6 February 2024. Посетено на 5 February 2024.
  6. Geraghty, Hollie (28 August 2023). „Laufey is here to stay“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на 19 October 2023. Посетено на 20 October 2023.
  7. Johnson, Tommy (2021-12-03). „Laufey & dodie Share Stunning Cover Of "Love To Keep Me Warm". Ghettoblaster Magazine (англиски). Архивирано од изворникот на 21 November 2023. Посетено на 2023-11-21.
  8. Warren W. Vaché (2000). „Ted Shapiro“. The Unsung Songwriters: America's Masters of Melody. Scarecrow Press. стр. 448. ISBN 9780810835702.
  9. Cordelia Lam (24 August 2022). „Laufey – Everything I Know About Love review: an ode to the magic of life's little moments“. NME. Архивирано од изворникот на 10 November 2022. Посетено на 10 November 2022.
  10. „Warner Chappell Music Signs Global Publishing Deal with Rising Jazz Star Laufey“. warnerchappell.com. 2 August 2023. Архивирано од изворникот на 22 August 2023. Посетено на 2023-08-22.
  11. „Laufey | Official Website“. Laufey (англиски). Архивирано од изворникот на 27 August 2023. Посетено на 2023-08-22.
  12. „| Artist | GRAMMY.com“. www.grammy.com. Архивирано од изворникот на 16 November 2023. Посетено на 2023-11-16.