Лакавица (област)
Лакавица (се среќава и како Лакавичко и Лакавицата[1]) — географска и историско-етнографска област во Македонија која ја опфаќа долината на реката (Крива) Лакавица и околните планински падини[2] на планините Серта (Конечка) и Смрдеш. Најголемиот дел од областа потпаѓа во рамки на Општина Конче во Радовишко, а останатиот помал дел влегува во составот на Општина Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Лакавичката област се наоѓа во Источна Македонија односно се протега по целото течение на реката Крива Лакавица во правец од југ - југоисток кон север - северозапад, помеѓу Штип во долината на Брегалница на север и северозапад, Струмичко-радовишката Котлина на исток и југоисток, Валандовско-гевгелиската област на југ и Тиквешијата на запад.
Граници
[уреди | уреди извор]Границата на североисток оди по билото на планината Смрдеш и нејзината огранка Еленица кои ја одделуваат од Радовишкото и Струмичкото Поле, од запад е оградена од Конечка Планина (Серта) која ја одделува од Неготинско односно Тиквешката Котлина, додека од југ е оградена од Градешка Планина која претставува продолжение и огранка на Серта. Во овие граници областа опфаќа површина околу 500 км2.
Во делото на д-р Милош Константинов „Македонци“ вели:
Во штипско има 72 населени места. Тие се наоѓаат во околијата на Штип, а делумно во потпределот Лакавица, што ја опфаќа целата должина на истоимената река (Крива Лакавица) меѓу планините Смрдеш и Серта од југоисточната страна и падините на Плачковица од северозапад. Оттаму, потпределот Лакавица, односно неговите населени места, освен на Штипско им припаѓаат уште и на Радовишко. [3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Според кажување на жител на с. Дедино, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 02.04.2016. Забележано и од кажувања на жители на с.Лубница од Марио Шаревски на 10.12.2018
- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 442. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ Константинов, Милош (1992). Македонци. Скопје: МАРИНГ. стр. 189.