Кушадаси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кушадаси
Град
Ноќен поглед на градот
Ноќен поглед на градот
Кушадаси се наоѓа во Турција
Кушадаси
Координати: 37°51′35″ СГШ 27°15′35″ ИГД / 
Држава Турција Турција
Покраина Ајдин
Округ Кушадаси
Управа
 • Градоначалник Езер Кајали (РНП)
 • Кајмакам Мустафа Есен
Површина[1]
 • Површина 224,60 км2
Население (2012)[2]
 • Градскo 70.143
 • Пошироко 90.652
 • Пошироко густина 4.0.361.531.611.754.0/км2
Поштенски код 09400
Мреж. место www.kusadasi.bel.tr

Кушадаси (турски: Kuşadası) е приморски град во Турција и многу популарно летувалиште на брегот на Егејско Море. Некогаш мала рибарска населба, денес центар на туристи од Велика Британија, Ирска, земјите на Бенелукс и поранешна СФРЈ. Според пописот од 1995 година, градот брои 50.000 жители, а денес населението изнесува 70.000, додека пак во текот на летната сезона во Кушадаси има до милион туристи.

Историја и име на градот[уреди | уреди извор]

Во минатото бил познат како Неаполис, Нов Ефес и Scala Nuova. Во античко време, на местото на денешен Кушадаси, се наоѓал античкиот град Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град во Средоземјето, Ефес. Во непосредна близина на Неаполис, се наоѓале градовите Маратезион и Пигала, кои наводно ги основаа болните војници на кралот Агамемнон во текот на Тројанската војна. Со самото слабеење на Ефес, почнува и мрачното и крваво време за Неаполис кое трае сè до Средниот век. До 15. век градот (Scala Nuova) бил под управа на трговците од Венеција и Џенова. Во 1413 година Турците, предводени од султанот Мехмет Челебија, го освојуваат и ограбуваат градот, кој оттогаш е под власт на Турција.

Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите - (Güvercin Adası), кој пред спојувањето со брегот бил остров. Името, всушност е кованица од два збора - птица (kuş) и остров (ada).

Кушадаси денес[уреди | уреди извор]

Споменатиот полуостров доминира со погледот, ако се кон Кушадаси приоѓа од страна на морето, или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина.

24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружи поглед кон соседна Грција и островот Самос. Во околината на Кушадаси се и античките градови Ефес (18 km), Дидим, Пријена и Милет.

Административно, општината и градот Кушадаси, припаѓаат на вилаетот Ајдин, од чиј центар Кушадаси е оддалечен 65 km. Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир и „Милас-Бодрум“ во Милас, кои се оддалечени 85 km, односно 120 km. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.

Според проценки, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории. Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година кој се наоѓа на Женската плажа (Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.

Кушадаси може да се пофали со голем број на убави плажи, од кои еден дел се за јавна употреба.

Кушадаси, според статистиката во денешна патријархална Турција е на прво место по број на разводи.

На 16 јули 2005 година Кушадаси беше цел на терористички напад во кој животот го загубија пет луѓе, а околу дваесет се повредени. Истиот ден на булеварот Мустафа Кемал Ататурк во непосредна близина на споменикот на Ататурк, во акции на бомбаш-самоубиец, летна во воздух линиски минибус.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]