Кочи Ѕоѕе
Коци Ѕоѕе | ||
Роден | Коци Ѕоѕе 1917 Негован, Кралство Грција | |
---|---|---|
Починал | 11 мај 1949 Тирана, НР Албанија |
Коци Ѕоѕе — роден во 1917 година во селото Негован, Леринско, Егејска Македонија. Завршил грчка гимназија во Солун. Неговото семејство се преселило во Албанија во 1930 година. Таму влегол во редовите на комунистичката партија и бил еден од нејзините најактивни членови на подрачјето на Корча. Заради својата дејност е уапсен и затворен сè до 1939 година, кога успеал да побегне. За време на Втората светска војна е еден од раководителите на комунистичкото движење во Албанија. Месец мај 1944 година е избран за заменик-претседател на Високиот совет на Албанија, и повишен во генерал-поручник. По војната е начело на Министерството за внатрешни работи, организатор на тајните служби за борба со антикомунистичкиот отпор. Исто така бил член на Политбирото и пратеник во собранието. Тој е човекот, кој бил најтесно поврзан со комунистичките водачи на Југославија и политички соперник на Енвер Хоџа. По прекинувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Југославија е тргнат од фукцијата начелник на МРВ. Наскоро по посетата на Москва од Енвер Хоџа ( 28 ноември 1948 година), е уапсен. На таен процес, на 11 мај 1949 година, заедно со група соработници (Темелко Кристо, Панди Кристо, Нести Керенџи) — суден од воен суд, при што му е изречена смртна казна и обесен. До ден денес не се знае каде е неговиот гроб.
Во своите сеќавања, Енвер Хоџа го опишува како југословенски агент, оптоварен со одговорноста за масовиот терор спреведен во годините 1944-1948. Советскиот новинар Аркадиј Пјервенцев, кој го следел процесот против него, го опишал така: „Коци Ѕоѕе, тој малак маж кој спојува ѕверство и малодушност на чакал. Со помош на Тито се прикрива во својата сопствена земја, помагајќи на неговата економска инвазија во Албанија.“.
Се смета дека заслуга на видните партиски функционери на некогашната Комунистичка партија, Коци Ѕоѕе, Панди Кристо и др. кои биле по потекло Македонци, е зачување правото на образование на мајчин македонски јазик за македонското малцинство во Мала Преспа и оставање на работа на Никола Беровски по истерувањето на македонските учители во 1948 година.
Литература
[уреди | уреди извор]- Македонска енциклопедија, Скопје, 2009
- Owen Pearson, Albania in the Twentieth Century, A History: Volume III: Albania as Dictatorship and Democracy, 1945-99, Tauris 2007, s.344
- Kujtim Halili, Fjalor biografik ushtarak, Tirana 2006, ISBN 99943-849-2-9
- Berend, Ivan T. Central and easter europe 1944-1993 U.K. page 65.66
- Georg Hermann Hodos: Schauprozesse. Stalinistische Säuberungen in Osteuropa 1948-54, Zürich 1988.
- Louis Zanga: Biographies of Prominent Public Figures, in: Albanien. Hrsg. von Klaus-Detlev Grothusen, Göttingen 1993 (= Südosteuropa-Handbuch Bd. VII), S. 769-777
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|