Клиноопашеста стрнарка
| Клиноопашеста стрнарка | |
|---|---|
| Клиноопашеста стрнарка во природен резерват во Пиражу, Бразил | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордови |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Врапчевидни |
| Семејство: | Тангари |
| Род: | Тревни стрнарки |
| Вид: | Клиноопашеста стрнарка |
| Научен назив | |
| Emberizoides herbicola (Vieillot, 1817) | |
Клиноопашеста стрнарка (науч. Emberizoides herbicola) — вид птица од семејството на тангарите (Thraupidae). Се среќава во Аргентина, Боливија, Бразил, Венецуела, Гвајана, Еквадор, Колумбија, Костарика, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај и Француска Гвајана.
Птицата претежно живее во Јужна Америка, и тоа во јужен Бразил, Боливија, источен Парагвај и крајниот североисток на Аргентина, во подрачјата на Серадо, Пантанал и јужна Каатинга; во помала мера присутна е и во северна Колумбија и централна Венецуела, атлантскиот брег на Гвијана, како и островот Маражо во одливот на Амазон. Природните живеалишта на клиноопашестата стрнарка се сувата савана, сезонски поплавените низински тревишта од суптропски и тропски вид, како и во значајно оштетени поранешни шумски предели.
- Клиноопашеста стрнарка во Пиражу, Бразил
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Emberizoides herbicola“. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Клиноопашеста стрнарка“ — Енциклопедија на живиот свет
- Видеоснимки од клиноопашестата стрнарка — Семрежна збирка на птици (англиски)
| Оваа статија поврзана со птици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |