Карл Роџерс
Карл Роџерс е роден во Оак Парк Илиноис (8 јануари 1902 - 4 февруари 1987), како четврто од шест деца. Роден е во сложено семејство кое било приврзано за христијанството и тешката работа. Неговиот татко бил инженер, а неговата мајка домаќинка. Карл Роџерс e хуманистички ориентиран и најмногу е познат по „терапијата насочена кон клиентот“. За разлика од Фројд, тој ги гледа луѓето како потенцијално здрави, а не како болни.
Интересно е да се спомене дека знаел да чита многу пред неговите врсници и затоа неговото образование започнува од второ одделение. Кога имал 12 години неговото семејство се сели на фарма и тој почнал да се интересира за земјоделството. Овој интерес продолжува и на факултет. Се запишува на Универзитетот во Висконсин (1924).
По дипломирањето се жени со Хелен Елиот и се преселува во Њујорк каде што го посетува Униостичкиот теолошки семинар и се запознава со либерални филозофски гледања на религијата. Потоа преминува на Колумбискиот универзитет каде што под влијание на Џон Дјуи и Лет Холингворт бил воведен во клиничката психологија (преземено од „Теорије личности“ на Хол & Линдзи). Магистрира во 1928 година, а докторира три години подоцна во 1931 на Колумбискиот универзитет.
Првото практично искуство поврзано со клиничката психологија и психотерапијата го стеканал како соработник во Институтот на психолошка работа со деца (Child Guidance). Овој центар бил Фројдовски ориентиран. Во текот на тој период Роџерс е под влијание на Ото Ранк, психоаналитичар, кој во тоа време ракрстил со ортодоксното учење на Фројд. Изучувајќи ја теоријата и техниките на Ото Ранк, Роџерс го развива својот пристап.
Во 1940 година ја прифаќа понудата за професор на државниот универзитет во Охајо. Во 1942 година ја пишува неговата прва книга „Советување и психотерапија“. Во 1945 поканет е да отвори центар за советување на Чикашкиот Универзитет. Токму таму го разработува својот метод на психотерапија насочена кон клиентот, ја вообличува својата теорија на личност и врши истражување во врска со психотерапијата. Од 1957 година до 1963 година тој е професор по психологија и психијатрија на Универзитетот во Висконсин. Од 1964 работи во Центарот за проучување на личноста во Ла Јоли во Калифонија.
Има напишано 16 книги и повеќе од 200 статии.
Во текот на својот живот има добиено многу награди и признание, од Американската психолошка асоцијација како на пример: награда за научно достигнување и награда за психолошко достигнување. Тој пишува, држи говори и одржува психотерапија се го својата смрт во 1987.
|