Карл Прибрам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карл Прибрам
Karl H. Pribram
Karl Pribram Kepler Museum Prague s.jpg
Прибрам во Кеплеровиот музеј во Прага, 2010 г.
Роден25 февруари 1919(1919-02-25)
Виена, Австрија
Починал19 јануари 2015(2015-01-19) (воз. 95 г.)
Вирџинија, САД
Полињаневронаука
ОбразованиеЧикашки универзитет (наука, 1938)
Чикашки универзитет (доктор по медицина, 1941)
Познат похолономска теорија за мозокот
Влијание одЧарлс Скот Шерингтон, Карл Лешли, Денис Габор
СопружникКетрин Невил

Карл Прибрам (германски: Karl H. Pribram; 25 февруари 1919 - 19 јануари 2015) — истакнат австриско-американски невронаучник, професор на универзитетот Џорџтаун и професор во пензија по психологија и психијатрија на Стенфорскиот универзитет и Редфордскиот универзитет. Во 1940-те години, Прибрам направил пионерска работа со лимбичниот систем како неврохирург, подрачје на мозокот што е поврзано со чувствата и однесувањето.

Истражувања[уреди | уреди извор]

Прибрам е роден во Виена, Австрија. На самиот почеток на својата кариера Прибрам се соочил со тест на карактерот. Во 1935 година, португалскиот невролог Егаз Мониз, смислил нешто за што се верувало дека е совршен начин за лечење на менталните болести: хируршко дупчење на черепот и отсекување на префронталниот кортекс од остатокот на мозокот, со што и најнемирните пациенти се претворале во послушни. Постапката ја нарекол префронтална лоботомија, која станала многу популарна во Америка, а на Мониз му донесла Нобелова награда. Тоа било времето кога Прибрам стапил на медицинската сцена, и веднаш застанал на позициите дека е погрешно на таков начин да се манипулира со мозокот на луѓето. Еден ден не дозволил да се вршат лоботомии на оделот за неврохирургија во Џексонвил, Флорида. Подоцна, на Јејл, останал на истиот став, а неговите радикални идеи го чинеле отпуштање од работа.

Во 1946 година, Прибрам отишол да работи со тогаш големиот невропсихолог Карл Лешли, во лабораторијата за биологија, во Оринџ Парк на Флорида. Експериментите кои тие двајца ги вршеле врз глувци имале за цел да се откријат тајните механизми на сеќавањето и складирањето на помнењето во мозокот. Но она што го откриле било дека што и да направат со мозокот на експерименталните глувци, сеќавањата упорно останувале недопрени. Прибрам дошол до заклучок дека сеќавањата не се сместени на одредено место во мозокот, како што се книгите во блиблиотека. Проблемот бил во тоа што науката дотогаш не познавала никаков механизам или процес што може да ја објасни таа појава.

Холографија[уреди | уреди извор]

Кон средината на 1950-те години, Прибрам се сретнал со статија објавена во едно научно списание, во која се опишувал холограмот, и веднаш сфатил дека концептот на холограмот нудел решение на загонетката со која се мачел: како функционира мозокот. Додека бил на Јејл, осмислил редица експерименти кои ги вршел наредните седум години, а при кои ја мерел електричната активност на мозокот на мајмуните додека изведуваат различни задачи.

Холографскиот модел на мозокот нуди одговор на многу загонетки за кои науката нема објаснување. Тука спаѓаат:

  • Огромното помнење - математичарот Џон вон Неуман пресметал дека во текот на еден просечен човечки живот мозокот може да складира околу 2,8х10²° (280.000.000.000.000.000.000.) битови информации.
  • Асоцијативното присетување - миризба или колаче што нè потсетуваат на некој настан од детството, или слично.
  • Способноста да ги препознаеме познатите предмети - на пример, во гужва од стотици луѓе веднаш го препознаваме познатото (или саканото) лице. Иако на прв поглед не изгледа необична, сепак оваа способност е многу сложена за да се објасни.
  • Фотографско памтење - наречено и „ејдетско памтење“.
  • Пренос на научени вештини - т.е. способноста да `пишуваме` на пример со нога, иако не сме го учеле тоа никогаш.
  • Чувствување на фантомските (отсечени) екстремитети - т.е. способноста на мозокот некои искуства да ги сместува вон физичките граници на телото.[1]

Реакции на научната заедница[уреди | уреди извор]

И покрај сите докази во полза на холографскиот модел на мозокот, повеќето научници не се убедени во аргументите на Прибрам. Сепак, постојат и бројни истражувачи кои со своите експерименти ја потврдиле теоријата на Прибрам.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Својата прва статија за холографската природа на мозокот Прибрам ја објавил во 1966 година. Потоа следуваат редица наслови, дадени овде во оригинал:

  • Miller, George; Galanter, Eugene, & Pribram, Karl (1960). Plans and the structure of behavior. New York: Holt, Rinehart and Winston. ISBN 0030100755. 
  • Pribram, Karl H. (1969). Brain and behaviour. Hammondsworth: Penguin Books. ISBN 0140805214. 
  • Pribram, Karl (1971). Languages of the brain; experimental paradoxes and principles in neuropsychology. Englewood Cliffs, New Jersey: Prentice-Hall. ISBN 0135227305. 
  • Pribram, Karl; Gill, Morton M. (1976). Freud's "Project" re-assessed: preface to contemporary cognitive theory and neuropsychology. New York: Basic Books. ISBN 0465025692. 
  • Pribram, Karl (1991). Brain and perception: holonomy and structure in figural processing. Hillsdale, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0898599954. 
  • Globus, Gordon G.; Pribram, Karl H., & Vitiello, Giuseppe (2004-09-30). Brain And Being: At The Boundary Between Science, Philosophy, Language, And Arts (Advances in Consciousness Research, 58). John Benjamins Publishing Co.. ISBN 158811550X. 
  • Pribram, Karl (ed.) (1969). On the biology of learning. New York: Harcourt Brace & World. ISBN 0155675206. 
  • Pribram, Karl, & Broadbent, Donald (eds.) (1970). Biology of memory. New York: Academic Press. ISBN 0125643500. 
  • Pribram, K. H., & Luria, A. R. (eds.) (1973). Psychophysiology of the frontal lobes. New York: Academic Press. ISBN 0125643403. 
  • Pribram, Karl, & Isaacson, Robert L. (eds.) (1975). The Hippocampus. New York: Plenum Press. ISBN 0306375354. 
  • Pribram, Karl (ed.) (1993). Rethinking neural networks: quantum fields and biological data. Hillsdale, New Jersey: Erlbaum. ISBN 0805814663. 
  • Pribram, Karl (ed.) (1994). Origins: brain and self organization. Hillsdale, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805817867. 
  • King, Joseph, & Pribram, Karl (eds.) (1995). Scale in conscious experience: Is the brain too important to be left to the specialists to study?. Mahwah, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805821783. 
  • Pribram, Karl, &K ing, Joseph (eds.) (1996). Learning as self-organization. Mahwah, New Jersey: L. Erlbaum Associates. ISBN 080582586X. 
  • Pribram, Karl (ed.) (1998). Brain and values: is a biological science of values possible. Mahwah, New Jersey: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 0805831541. 
  • Pribram, Karl (2004). „Brain and Mathematics“. Pari Center for New Learning. конс. 2007-10-25. 
  • „Like Bohm, Karl Pribram sees the holographic nature of reality“. The Ground of Faith. October 2003. конс. 2007-10-25. 
  • Mishlove, Jeffrey (1998). „The Holographic Brain with Karl Pribram, MA; Ph.D.“. TWM.co.nz. конс. 2007-10-25. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мајкл Талбот, „Холографски универзум“, Аквариус Пет, Скопје, 2009, стр. 26-33. ISBN 978-608-4502-18-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]