Карл Лешли
Карл Спенсер Лешли | |
---|---|
Роден(а) | јули 7, 1890 г. Дејвис, (Западна Вирџинија) |
Починал(а) | август 7, 1958 Поатје, Франција | (возр. 68)
Националност | Американец |
Полиња | Психологија |
Установи | Универзитетот во Минесота, Чикашки универзитет, Харвард |
Образование | Универзитетот Џонс Хопкинс |
Познат по | Учење и меморија |
Поважни награди |
Карл Спенсер Лешли (7 јуни 1890 - 7 август 1958) бил психолог и бихејвиорист запаметен по неговиот придонес во студијата за учење и меморија. Истражувањето Преглед на општата психологија, објавено во 2002 година, го рангирало Лешли како 61-ви најпосочен психолог на 20-от век.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Лешли е роден на 7 јуни 1890 година во градот Дејвис, Западна Вирџинија. Тој бил единственото дете на Чарлс и Меги Лешли, и израснал во семејство од средна класа со разумно удобен живот. Таткото на Лешли имал различни локални политички позиции. Неговата мајка била домаќинка и имала огромна колекција книги во домот. [ потребно е цитирање ] Мајката на Лешли била силен поборник на школувањето и таа го охрабрувала Лешли интелектуално уште од раната возраст. Лешли бил многу активно момче, и физички и психички. Тој можел да чита од својата четиригодишна возраст. Неговата омилена работа што ја правел како дете била да талка низ шумата и да собира животни, како пеперутки и глувци. Поголемиот дел од детството го поминал сам, и немал многу пријатели. Нејасни се причините за неговиот недостаток на пријатели. Лешли завршил средно училиште на 14 години.
Тој се запишал на Универзитетот во Западна Вирџинија, каде што првично имал намера да стане англиски мајор. Меѓутоа, тој поминал курс по зоологија и ја сменил својата специјалност во зоологија заради контактите со професорот Џон Блек Џонстон. Лешли напишал: „За неколку недели на неговиот час знаев дека го најдов мојот животен позив“.[3]
По стекнувањето на диплома за уметност на Универзитетот во Западна Вирџинија, Лешли бил награден со стипендија на Универзитетот во Питсбург, каде предавал биологија и водел биолошки лаборатории. Додека бил таму, исто така, извршил истражување што го користел за магистерски труд.[4] Откако Лешли завршил магистерски студии, студирал на Универзитетот Џонс Хопкинс, каде што докторирал генетика во јуни 1911 година. Станал професор на Универзитетот во Минесота, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот Харвард.
На Универзитетот Џонс Хопкинс, Лешли учел и психологија под водство на Џон Б. Вотсон, со кого тој продолжил да работи по докторирањето. За тоа време, Лешли работел со Франц и се запознал со неговиот метод на обука. Вотсон имал големо влијание врз Лешли. Заедно, двајцата спровеле експерименти на терен и ги проучувале ефектите на различните лекови врз лавиринтското учење на стаорците.[4] Вотсон му помогнал на Лешли да се фокусира на специфични проблеми во учењето и експерименталното истражување, проследено со лоцирање на областа на малиот мозок вклучена во учењето и дискриминацијата.
Кариера
[уреди | уреди извор]Кариерата на Лешли започнала со истражување во врска со мозочните механизми и како тие се поврзани со сетилните рецептори. Тој исто така го проучувал инстинктот, како и гледањето во боја. Проучувал многу животни и примати, кои го интересирале уште од неговата прва година на колеџ.
Лешли некое време работел на Универзитетот во Минесота, а потоа и на Институтот за малолетнички истражувања во Чикаго пред да стане професор на Универзитетот во Чикаго. По ова заминал на Харвард, но бил незадоволен, и оттаму се префрлил да биде директор на лабораторијата Јеркес за биологија на приматите во Оринџ Парк, Флорида.
Највлијателното истражување на Лешли се фокусира на кортикалната основа на учење и дискриминација. Тој го истражувал ова набљудувајќи го однесувањето пред и после специфично, внимателно предизвикано оштетување на мозокот кај стаорци. Тој обучувал стаорци за извршување на специфични задачи (со храна како награда), а потоа ги проучувал специфичните области на кортексот на стаорците, или пред или откако животните биле обучени. Кортикалните лезии имале специфични ефекти врз стекнувањето и задржувањето на знаењето, но локацијата на отстранетиот кортекс немала никакво влијание врз перформансите на стаорците во лавиринтот. Ова го натерало Лешли да заклучи дека спомените не се локализирани, туку дека се широко распространети низ кортексот. Денес знаеме дека дистрибуцијата на енграми навистина постои, но дека дистрибуцијата не е еднаква низ сите кортикални области, како што претпоставувал Лешли.[5][6] Неговата студија за V1 (примарен визуелен кортекс) го навела да верува дека тоа е место за учење и складирање на меморијата (т.е. енграм) во мозокот. Овој погрешен заклучок се должи на неговите несовршените методи.
До 1950-ти години, од истражувањето на Лешли произлегле два посебни принципи: масовно дејствување и еквипотенцијалност. „Масовно дејствување“ се однесува на идејата дека стапката, ефикасноста и точноста на учењето зависат од количината на достапен кортекс. Ако кортикалното ткиво е уништено по учење на сложена задача, влошувањето на перформансите на задачата се одредува повеќе од количеството на уништеното ткиво отколку од неговата локација.[7] „Еквипотенцијалност“ се однесува на идејата дека еден дел од кортексот може да ја преземе функцијата на друг дел; во рамките на функционалната област на мозокот, секое ткиво во таа област може да ја изврши својата поврзана функција.[8] Затоа, за да се уништи некоја функција, целото ткиво во рамките на една функционална област мора да биде уништено. Ако областа не е уништена, тогаш кортексот може да преземе друг дел. Овие два принципа произлегле од истражувањето на Лешли за кортикалната основа на учење и дискриминација.
Подоцнежен живот
[уреди | уреди извор]Во февруари 1954 година, додека го држел своето предавање на Харвард, Лешли неочекувано паднал и бил хоспитализиран. Му била дијагностицирана хемолитична анемија и бил ставен на третман со кортизон. Поради ова, неговите пршлени омекнале, и му била направена спленектомија. Тој почнал добро да закрепнува, но на патувањето во Франција со неговата сопруга Клер уште еднаш неочекувано паднал. Починал на 7 август 1958 година.[4]
Почести
[уреди | уреди извор]Лешли бил избран во многу научни и филозофски друштва, вклучувајќи ги и Американската асоцијација за психологија (член на Советот 1926–1928; претседател, 1929), Источна психолошка асоцијација (претседател, 1937), Друштво на експериментални психолози, Британска асоцијација за психологија (почесен соработник), Американско друштво на зоолози, Американско здружение на природонаучници (претседател, 1947), Британски институт за проучување на однесувањето на животните (почесен член), Американско друштво за генетика на човекот, Американско физиолошко друштво, Друштво Харви (почесен член), Национална академија на науките (избран во 1930 година).[4] Во 1938 година биле избран за член на Американското филозофско друштво, најстарата асоцијација во Соединетите Американски Држави, која датира од 1743 година. Од 1957 година, Друштвото ја доделувало годишната награда Карл Спенсер Лешли како признание за работа на интегративната невронаука на однесувањето.[9] Во 1943 година, Лешли бил награден со медал Даниел Џиро Елиот од Националната академија на науките.[10]
На Лешли му биле доделени почесни докторати на науки од Универзитетот во Питсбург (1936), Универзитетот во Чикаго (1941), Универзитет Вестерн Резерв (1951), Универзитет во Пенсилванија, а во 1953 година Универзитетот Џон Хопкинс му доделил почесен степен доктор на правни науки.[4]
Критики
[уреди | уреди извор]Лешли имал репутација на објективен научник, но Надин Вајдман се обидел да го претстави како расист и генетски детерминист. Доналд Дјузбери и други, го оспоруваат тврдењето дека тој бил генетски детерминист, повикувајќи се на истражувањето на Лешли во кое тој открил докази за генетско и еколошко влијание врз организмите. Дјузбери сепак признал дека Лешли бил расист, цитирајаќи дел од писмото што Лешли му го напишал на германскиот колега, што гласи: „Штета што убавите тропски земји се населени со црнки. Хајл Хитлер и Апартхејт!“[11]
Значајни публикации
[уреди | уреди извор]- 1923 година „ Бихејвиористичко толкување на свеста“. Психолошки преглед
- 1929 година „Мозочни механизми и интелигенција“.
- 1930 година „Основни нервни механизми во однесувањето“. Психолошки преглед
- 1932 година „Студии за динамиката на однесување“. Универзитет во Чикаго Прес.
- 1935 година „Механизмот на видот“, Дел 12: Нервни структури кои се занимаваат со стекнување и задржување на навики засновани на реакции на светлина. Монографии на компаративна психологија 11: 43–79.
- 1943 година „Студии за церебралната функција при учењето“, Журнал за компаративна неврологија вол. 79
- 1950 година "Во потрага по енграм." Друштво за експериментална биологија Симпозиум 4: 454–482.
- 1951 година „Проблемот на серискиот ред во однесувањето“. Церебрални механизми во однесувањето .
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Beach, Frank A. (1961). Karl Spencer Lashley 1890-1958 (PDF). Washington, D.C.: National Academy of Sciences. стр. 9.[мртва врска]
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 [1]
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-05-11. Посетено на 2013-11-28.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-07. Посетено на 2013-11-28.
- ↑ [2]
- ↑ "Award Ceremony: Karl Spencer Lashley Award, 2008." American Philosophical Society. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2010-06-20.
- ↑ „Daniel Giraud Elliot Medal“. National Academy of Sciences. Архивирано од изворникот на August 1, 2012. Посетено на 15 February 2011.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Литература
[уреди | уреди извор]- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Sapetskiĭ, A O (1999), „[A physiologist's dialog with a psychologist]“, Zhurnal Vyssheĭ Nervnoĭ Deiatelnosti Imeni I P Pavlova, 49 (6): 909–18, PMID 10693270
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)