Институт за хемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Институтот за хемија е еден од составните институти на Природно-математичкиот факултет.

Историја[уреди | уреди извор]

Катедрата по хемија започна со работа во 1946 г., заедно со другите студиски групи на Филозофскиот факултет - прва на кој наставата почна да се изведува на македонски јазик. При првиот упис на студии по хемија се запишуваат 56 студенти. Почетокот на работата на новоформираната студиска група, меѓу­тоа, одела со големи потеш­­котии.

Хемиски институт[уреди | уреди извор]

Со издвојувањето (во 1958 г.) на Природно-математичкиот оддел од составот на Фи­ло­зофскиот факултет и со оформувањето на Природно-математичкиот факултет, Катед­ра­та по хемија прерасна во Хемиски ин­сти­тут. Во Институтот тогаш се оформија три заводи: за неор­ган­ска и аналитич­ка, за органска и за физичка хемија.

Хемиски факултет[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1976 до 1985 година, со реформите кои во тој период се случувале Хемискиот институт прераснува во Хемиски факултет.

Институт за хемија[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1986 до денес, Институтот за хемија претставува дел од Природно-математикиот факултет во Скопје.

Внатрешна организација на Институтот[уреди | уреди извор]

Институтот за хемија се состои од четири заводи: Завод за неорганска хемија, Завод за аналитичка хемија, Завод за физичка хемија, како и Завод за органкса хемија и биохемија.

Подолу е дадена листа на вработените наставници и соработници на Институтот поделени по заводи:

Завод за неорганска хемија Завод за аналитичка хемија Завод за физичка хемија Завод за органска хемија и биохемија

Научноистражувачка дејност на Институтот за хемија[уреди | уреди извор]

Инстутутот за хемија е една од најплодните научни инстутуции во Република Македонија. Според податоците од Министерството за образование и наука на Република Македонија, бројот на објавените трудови од наставно-научните работници на Институтот во спи­са­нија со фактор на влијание (англиски термин: impact factor – IF) изнесува околу една третина од вкупниот број трудови објавени во вакви списанија од страна на сите истражувачи од Република Македонија[1].

Треба да се напомене дека во периодот на изми­на­ти­ве 60 години вработените на Институтот за хемија објавиле вкупно 1464 научни труда. Од нив, 929 труда (65 %) се отпечатени во списанија издавани надвор од Македонија. Од овие, пак, 823 се печатени во научни спи­­са­ни­ја, а 106 во зборници на трудови од меѓународни научни собири. Преостанатите 535 биб­ли­о­граф­ски еди­ни­ци (35 %) ги сочинуваат 435 труда објавени во научни списанија во Македонија и 100 труда во зборници на тру­до­ви од научни манифестации одржани во Македо­ни­ја. Посебно заслужува да се одбележи фактот дека, според Science Citation Index, 617 труда (42 %) се објавени во списанија со фактор на влијание.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Г. Јовановски (уредник), Природно-математички факултет, (1946-2006), Природно-математички факултет, Скопје, 2006, 221

Надворешни врски[уреди | уреди извор]