Институт за етнологија и антропологија
Логото на Институтот за етнологија и антропологија | |
Надредена организација | Природно-математички факултет |
---|---|
Воспоставен | 24 јуни 2005 |
Подредени организации |
|
Поранешно име | Завод за етнологија |
Адреса | ул. Архимедова бр. 5 |
Местоположба | , , |
Координати | 42°00′04.4″N 21°27′12.6″E / 42.001222° СГШ; 21.453500° ИГД |
Мрежно место | https://iea.pmf.ukim.edu.mk/ |
Институт за етнологија и антропологија ― една од составните единици на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје е наследник на Одделението за етнологија основано 1946 година од страна на професорот Бранислав Русиќ во рамките на тогашниот Филозофски факултет во Скопје. Одделението функционирало сè до 1953 година кога по Одлука на Министерството за образование на НР Македонија престанало да постои. Единствено останал само предметот етнологија кој бил вклучен во наставниот план и програма на одделението за географија, По заминувањето на проф. д-р Бранислав Русиќ во Белград предметот го предавале оние студенти кои ги слушале неговите предавањата.
До Независноста
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1969-1980 година имало иницијативи за обнова на студиите за етнологија, главно од првите дипломирани етнолози: Милош Константинов и Галаба Паликрушева. Дописите од овој период биле упатени до републичките институции објаснувајќи за потребата од студии за етнологија. Одлуката на Советот на Филозофскиот факултет од 1969 година не одобри реализирање на студиска група за етнологија. Собранието на СРМ и одговорните републички институции во 1984 година донесе одлука за обновување на студиите, но поради повторните отпори на Филозофскиот факултет тоа не се остварило. Така Инстиутот за географијаги прифатиле студиите за етнологија, отворајќи Завод за етнологија во 1985/86 година, тогаш се запишале осум дипломирани географи и осум географи со завршена втора година.
Во тој период, до 1990 година на Заводот за етнологија работеле четворица доктори на етнолошки науки, во пензија: Галаба Паликрушева, Милош Константинов, Душан Константинов и Миодраг Хаџи-Ристиќ, а часовите по вежби ги држела асистент Мирјана Алуловска (сега Мирчевска). По 1990 година на Заводот за етнологија дошле уште тројца доктори на етнолошки науки: Анета Светиева, Нијази Лиманоски и Ѓорѓи Здравев, еден доктор по музеолошки науки: Крсте Богоески, како и двајца асистенти кои подоцна ги одбраниле и своите докторски дистертации: Љупчо Неделков и Љупчо С. Ристески.[1]
21 век
[уреди | уреди извор]Во 2005 година, на 31 март, наставно-научниот совет при Природно-математичкиот факултет го променил статутот на Природно-математичкиот факултет со што Заводот за етнологија прераснал во Институт за етнологија и антропологија и е внесен како седми институт во рамките на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а службено започнал да функционира од 1 октомври 2005 година. Сегашниот наставен план и програма на студиите на институтот се направени според наставните планови и програми на Европскиот кредит-трансфер систем за етнологија и антропологија.
Институтот нуди додипломски, постдипломски и докторски студии за етнологија и антропологија, a од учебната година 2021/2022 година се отвора и додипломски студии за менаџмент и заштита на културно наследство. Сега на Институтот како редовни професори се проф. д-р Љупчо С. Ристески, проф. д-р Мирјана Мирчевска, проф. д-р Илина Јакимовска, проф д-р Даворин Трпески, како вонредни професори проф. д-р Инес Црвенковска Ристеска и проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, како доцент д-р Виктор Трајановски и како асистент м-р Еда Старова Тахир.
Библиотека и архив на Институтот за етнологија и антропологија
[уреди | уреди извор]Библиотеката на Институтот нуди база каде се овозможува семрежно пребарување на библиографските единици, како и преглед на сите одбранети дипломски, подстипломски и докторски трудови изработени од 2006 година. Во библиотеката се достапни и збирките на проф. д-р Бранислав Русиќ, на проф. д-р Галаба Паликрушева Назим, на проф. д-р Ѓорѓи Здравев. на проф. д-р Крсте Богоевски, на проф. д-р Анета Светиева, на проф. д-р Љупчо С. Ристески, на проф., на проф. д-р Коста Пеевд-р Џоел Мартин Халперн, на проф. д-р Ванчо Тушевски, на проф. д-р Вероника Странг, на Тома Леов и на Марјан Ѓоргиев.
Архивот за етнолошки и анрополошки ресурси (АЕАР) и Дигиталниот архив за етнолошки и антрополошки ресурси (ДАЕАР) при Институтот за етнологија и антропологија претставуваат централен и единствен извор на релевантни информации од областа на етнологијата и антропологијата за Македонија и пошироко, за сите заинтересирани за културното наследство во Македонија.Во АЕАР и ДАЕАР, досега се архивирани сите аудио, видео и други материјали собрани во текот на истражувањата на Институтот за етнологија и антропологија. Во АЕАР и ДАЕАР се архивирани материјали од:
1. Теренски материјали (аудио, транскрибирани, видео, фотографии) реализирани при теренските истражувања на ИЕА и теренските настави со студентите на ИЕА; 2. Материјали од Збирката на проф. Џоел М. Халперн за Македонија (база на податоци, фотографии, архивски материјали); 3. Материјали од Јозеф Обрембски (полски етнолог и антрополог што истражувал во Порече, Македонија во 1931/32 година. Материјалите се копии од Архивот на Библиотеката Ду Боис на Универзитетот во Масачусетс, каде што се чуваат оригиналите).
Списание ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom
[уреди | уреди извор]ЕтноАнтропоЗум е списание на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологија, социокултурна антропологија, лингвистичка антропологија, теориска антропологија и други сродни научни дисциплини. Текстовите во списанието се објавуваат на македонски јазик и на англиски јазик. Објавувањето на текстовите од првите 6 броја (бр. 1- бр. 6) на списанието ЕАЗ на македонски јазик во аудио формат е реализирано во рамките на проектот: „Аудио библиотека на Институтот за етнологија и антропологија. Аудио списание „ЕтноАнтропоЗум“, а финансиран во рамки на Јавниот повик за програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Институтот за етнологија и антропологија
- Официјално мрежно место на списанието ЕтноАнтропоЗум
|