Лилјана Андреева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лилјана Андреева
Родена Лилјана Николова
6 март 1946
Скопје, Македонија.
Позната универзитетска професорка по хемија


Лилјана Андреева (моминско Николова; 6 март 1946 во Скопјемакедонска универзитетска професорка по хемија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Таа е редовен професор (2006) на ПМФ, Институт за хемија. Додипломските студии ги завршила во Харков, магистрирала (1982) на Хемискиот факултет, а докторирала (1994) на ПМФ во Скопје. Изведувала настава од подрачјето на физичката хемија за студентите од РГФ во Штип, за студентите по хемија на ПМФ, како и на двопредметните студии биологија-хемија, како и настава по предметот Историја на хемијата, а напишала и учебник. Научната работа ѝ е предимно во врска со изучувањето на клатрати. Објавила 24 труда (18 во меѓународни списанија), а на научни собири учествувала со шеесетина соопштенија. Учествувала во 11 научноистражувачки проекти, од кои 5 меѓународни. Имала студиски престои во Упсала, Лондон и Истанбул. Била раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лилјана Андреева“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 61. (2009). Скопје: МАНУ.