Горан Стојковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 18 мај 1972
Куманово, Македонија
Починал 11 јануари 2015
Банско, Пиринска Македонија
Занимање општественик

Горан Стојковиќ (Куманово, 18 мај 1972 - Банско, 11 јануари 2015) — македонски политичар, виден активист на Српската заедница во Македонија и Генерален секретар на ДПСМ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Стојковиќ е роден на 18 мај 1972 година во Куманово. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, додека Машински факултет во Скопје. Во 2002 година, Стојковиќ бил назначен за Претседател на Општинска организација на Демократска партија на Србите во Македонија (ДПСМ) Куманово, од јануари 2009 година за Претседател на Извршниот одбор а подоцна бил избран и за Генерален секретар на ДПСМ.. Бил долгогодишен член на Српска заедница во Македонија каде што оставил огромен удел како член на Председателството. Стојковиќ бил претседател на КУД Српски вез, а својата професонална кариера ја завршил како вработен во А.Д ”Гама”, Скопје. Работел како директор на Македонија пат и бил советник во општина Куманово. Бил женет и татко на две деца. Починал од срцев удар на 11 јануари 2015 година во Банско, Пиринска Македонија, кога бил на семеен одмор.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]