КУД Српски вез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого

КУД Српски вез е Културно-уметничко друштво формирано на 25 септември 2013 година во Куманово, на иницијатива на Српската заедница во Македонија со цел да се негува и сочува културниот идентитет на Србите кои живеат во Република Македонија, да се зачуваат традиционалните игри и песни и пренесе српската култура на младата популација во државата и пошироко.

Историја[уреди | уреди извор]

За прв претседател на Друштвото е избран Горан Стојковиќ. Неговиот ентузијазам и целосна посветеност видно придонесе за афирмација и успешна работа на овој фолклорен ансамбл. Актуелен претседател на КУД Српски вез е Далибор Китановиќ, а уметнички директор е Горан Зафировиќ.

Активности[уреди | уреди извор]

Настап во Босилеград
Настап во Босилеград

Друштвото е сочинето од играорна и вокална секција и оркестар.

Во март 2015 година формиран е и огранок на друштвото во општина Старо Нагоричане.

Настапи[уреди | уреди извор]

  • Настап по повод прославата на Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава, 2014 година
  • Настап на хуманитарен концерт за помош на поплавените во Србија и БиХ
  • Учество на Ѓурѓовденски свечености во Старо Нагоричане
  • Учество на Меѓународен фестивал во Власина, Република Србија, јули 2014
  • Учество на Меѓународен фестивал во Босилеград, Република Србија, јули 2014
  • Настап по повод прославата на Националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава, 2015 година
  • Учество на Меѓународен фестивал во Зајечар, Република Србија, 2015
  • Учество на Меѓународен фестивал во Нови Сад, Република Србија, 2015
  • Учество на Меѓународен фестивал во Долно Лисиче, Скопје, Република Македонија, 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]