Иван Ровни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Ровни
Ровни на Гран при де Валони 2014
Лични податоци
Цело имеИван Андреевич Ровни
Роден30 септември 1987 (1987-09-30) (31 г.)
Санкт Петербург, СССР СССР
Висина1,73 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубГаспром-РусВело
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Професионални клубови
2006–2008
2009
2010–2011
2012
2013

2014–2016
2017-
Тинкоф Ресторантс
Катјуша
Тим РадиоШек
РусВело
Керамика Фламинија-Фондрист
Тинкоф-Саксо
Гаспром-РусВело
Последна промена
11 јуни 2017

Иван Ровни (руски: Иван Андреевич Ровный; р. 30 септември 1987 во Санкт Петербург) — руски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Гаспром-РусВело.

Кариера[уреди | уреди извор]

За сезоната 2014, Ровни се приклучил на Тинкоф-Саксо.[1]

Бил дисквалификуван од Вуелта а Еспања 2014 поради размената на удари со италијанскиот велосипедист Џанлука Брамбила при нивното бегство на шеснаесеттата етапа.[2]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 9 Тур де л’Авенир
2009
3. ГП д’Исберг
2013
2. Џиро ди Тоскана
3. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули-Венеција-Џулија
3. Џиро дел’Апенино
4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
4. Тре Вали Варезине
5. Копа Уго Агостони
6. Трофео Матеоти

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро СО 78 46 115 36 119
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО СО 99

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Русите Ровни и Трусов потпишаа со Тинкоф-Саксо“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 20 декември 2013 (посет. 25 декември 2013 г).
  2. „Вуелта а Еспања: Брамбила и Ровни дисквалификувани додека Контадор победи“. BBC Sport. конс. 9 септември 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]