Зулу
Зулу | |
---|---|
isiZulu | |
Застапен во | ЈАР Зимбабве Лесото Малави Мозамбик Есватини |
Подрачје | Квазулу-Натал, Дурбан, Јоханесбург |
Говорници | мајчин: 10 милиони втор јазик: 16 милиони |
Јазично семејство | |
Статус | |
Службен во | ЈАР |
Регулативен орган | Панјужноафрикански јазичен совет |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | zu |
ISO 639-2 | zul |
ISO 639-3 | zul |
Делот од населението на Јужноафриканската Република кое зборува зулу дома
0–20%
20–40%
40–60%
60–80%
80–100%
|
Зулу (самон. исизулу) е банту-јазик, службен јазик на Јужноафриканската Република и мајчин јазик на народот Зулу. Јазикот го зборуваат околу 10 милиони луѓе, претежно во Јужноафриканската Република. Овој јазик е јазик кој најмногу се зборува по домаќинствата во државата, односно го зборуваат околу 24% од домаќинствата и го разбираат околу 50% од населението на државата. Во 1994 година јазикот станал единаесетти службен јазик во ЈАР. Зулу, како и сите останати банту-јазици, користи латиница како свое основно писмо.
Географска распространетост
[уреди | уреди извор]Зулу припаѓа на Југоисточната група на банту-јазиците поточно на групата нгунски јазици. Јазикот се зборува во Квазулу-Натал во која 81 % од населението зборуваат зулу како мајчин јазик. Потоа се зборува во Мпумаланга со околу 26% и Гаутенг со околу 21%. Исто така е зборуван во некои други африкански држави, но со значителен процент во Лесото и Свазиленд. Јазиците ндебеле (зборувани во Зимбабве), сисвати (свази) и нгуни (порано зборуван во Малави) се сродни јазици на зулу и настанати од XIX век со селидба на зулу-население. Јазикот коса е доминантен во Зелено’ртската Република и е сличен со зулу.
Примери
[уреди | уреди извор]Sawubona | Здраво, на една личност |
Sanibonani | Здраво, на група луѓе |
Unjani? / Ninjani? | Како си? / Како сте? |
Ngisaphila / Sisaphila | Добар сум. / Добри сме. |
Ngiyabonga (kakhulu) | Благодарам (многу) |
Ngubani igama lakho? | Како се викаш? |
Igama lami ngu... | Моето име е... |
Isikhathi sithini? | Колку е часот? |
Ngingakusiza? | Може да помогнам? |
Uhlala kuphi? | Каде престојуваш? |
Uphumaphi? | Од каде си? |
Hamba kahle / Sala kahle | Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за една личност) |
Hambani kahle / Salani kahle | Оди со добро / Остани со добро (исто како „пријатно“ за група личности) |
Eish! | леле! |
Hhayibo | Не! / Доста! / Нема шанси! |
Yebo | Да |
Cha | Не |
Angazi | Не знам |
Ukhuluma isiNgisi na? | Дали зборуваш англиски? |
Ngisaqala ukufunda isiZulu | Штотуку почнав да учам Зулу. |
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Зулу и материјали на страницата на UCLA Архивирано на 5 јуни 2011 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зулу“ на Ризницата ? |
- Запис за Зулу на Ethnologue
- Фрази на Зулу на Википатување
- Јужноафрикански јазици - Зулу
- Краток список фрази на англиски, Зулу и јапонски
- Основни зборови на Зулу
- Граматика на Зулу Архивирано на 6 март 2005 г.
- Материјали за Зулу
- isiZulu.net Зулу-англиски речник
- Зулу-англиски речник Архивирано на 13 април 2004 г.
|