Зоре Николоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоре Николоски
Роден 1922 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Гарешница, Хрватска
Националност Македонец

Зоре Мисајлев Николоски ( 1922во Карбуница, Кичевско1945во Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Како активен младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во месец април со повеќе свои другари заминал за Лопушник со првите партизани од селото во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во нападот на возот на Пресека и нападот на Карабинерската станица во селото Сливово. Во втората половина на јули 1943 година, кога Одредот во селото Карбуница бил нападнат од силни балистички сили, Зоре со повеќе другари преминал на територијата окупирана од Бугарите каде бил откриен и затворен во Битола. По пуштањето од затвор, дошол во селото во 1944 година и повторно се вклучил во единиците на НОВ. Есента 1944 година заминал во Сремскиот фронт и бил комесар на чета. Загинал при пробојот кај Гарешница (старо име: Кајгана) во борба со Германците во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 95.