Прејди на содржината

Зоолошка градина Лупа

Координати: 42°11′44.34″N 72°29′21.31″W / 42.1956500° СГШ; 72.4892528° ЗГД / 42.1956500; -72.4892528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоолошка градина Лупа
Зоолошката Лупа
Карта
МестоЛудлоу, Масачусетс, САД
Координати42°11′44.34″N 72°29′21.31″W / 42.1956500° СГШ; 72.4892528° ЗГД / 42.1956500; -72.4892528
Бр. на животни500[1]
Мреж. местоlupazoo.org

Зоолошката градина Лупазоолошка градина со површина од 18 ари (7.3 хектари) која е во приватна сопственост и управа, лоцирана во Лудлоу, Масачусетс, Соединетите Американски Држави.

Историја

[уреди | уреди извор]

Зоолошката градина била создадена од Хенри и Џоан Лупа, кои емигрирале од Полска во 1960-тите. Тие купиле фарма во Лудлоу и сместиле мала колекција на животни. Првично, Хенри Лупа основал компанија за уредување, а потоа и градежна компанија, но на крајот решил да отвори зоолошка градина, бидејќи локалните семејства често доаѓале да ги посетат животните на нивната фарма. Зоолошката градина Лупа официјално била отворена во 1996 година, а добила лиценца од Министерството за земјоделство на САД во 2002 година.[2] Џоан Лупа станала единствена сопственичка на зоолошката градина по смртта на нејзиниот сопруг во 2013 година.[3][4]

Во 2018 година, имало инцидент во кој капибара побегнал од својата ограда откако обилните дождови ја оштетиле. Бил повторно заробен од Управата на диви животни на Министерство за земјоделство и вратен во зоолошката градина.[5]

Експонати

[уреди | уреди извор]

Експонатите вклучуваат индиски паун, фенек лисица, коати, алдабранска џиновска желка, коза и пигмејска коза, орикс, мунтјак, лилјак, Валаби, прериско куче, бинтуронг, сервал, видра, алпака, американски бизон, магаре, тапир, бактриска камила, нилгаи, зебра, хималајска црна мечка, обичен ној, ему, крава, елен, ара и лисица.

Контроверзност

[уреди | уреди извор]

Зоолошката градина добила критики за нејзините повторени прекршувања на правилата поставени од Министерството за земјоделство.[6]

Загрозена африканска антилопа избегала од зоолошката градина Лупа во Масачусетс во април 2023 година, кога бура го оштетила нејзиниот заграден простор. Таа била фатена пет недели подоцна.[7]

  1. http://www.masslive.com/entertainment/index.ssf/2009/06/the_nonprofit_familyrun_zoo_bo.html
  2. „Tall Tails“. Business West. 2 October 2006. Посетено на 7 December 2022.
  3. Heropoulos, Staasi (12 April 2022). „Lupa Zoo welcomes everyone from people to primates“. The Reminder. Архивирано од изворникот на 2022-12-07. Посетено на 7 December 2022.
  4. „Family-Owned Lupa Zoo Offers Exhibits, Education“. Business West. 11 August 2015. Посетено на 7 December 2022.
  5. Cozine, Tim (10 December 2018). „Corralling a capybara – in Massachusetts?“. The Wildlife Society. Посетено на 7 December 2022.
  6. Jodidio, Rebecca L. (July 2020). „THE ANIMAL WELFARE ACT IS LACKING: HOW TO UPDATE THE FEDERAL STATUTE TO IMPROVE ZOO ANIMAL WELFARE“. Golden Gate University Environmental Law Journal. 12 (1): 58. Посетено на 7 December 2022.
  7. „Ludlow zoo director lived in his truck for five weeks while trying to rescue an escaped antelope“. Посетено на 23 May 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]