Сервал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сервал[1]
Сервал во Серенгети
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: `Рбетници (Vertebrata)
Класа: Цицачи (Mammalia)
Ред: Месојадци (Carnivora)
Семејство: Мачки (Felidae)
Потсемејство: Felinae
Род: Leptailurus
(1858)
Вид: L. serval
Научен назив
Leptailurus serval
(Schreber, 1776)
Serval range. Darker green: extant (resident). Brighter green: extinct.
Синоними

Caracal serval[3]

Сервал — африкански грабливец од семејството мачки, сличен на Африканската златна мачка и каракалот. Тој е еден од најголемите претставници од седумте видови на Мали мачки, кои го населуваат континентот. Предците на сервалот се и првите мачки кои ја населиле Африка. Поради своето тело и дамките по крзното често се нарекува мал гепард, но и покрај тоа сродство меѓу двата вида не е толку близок, колку со други африкански мачки.

Една од особеностите кои го издвојуваат од останатите претставници на семејството мачки е дека сервалот сака вода и се придржува кон водните извори. Оваа неговата функција во однесувањето и присуството на специфични еколошки одлики се причина да боледува почесто од шистосомијаза. Сервалот води релативно таен начин на живот и главно се храни со глодачи, како птици, зајци, мали антилопи, змии, жаби. Не е опасен за луѓето, туку напротив - тој самиот често станува нивна жртва.

Природни непријатели на сервалот се други африкански грабливци како леопард, хиените и дивите кучиња. Возрасните сервали може да станат жртва и за нилските крокодили и лавови. Поради неговата големина, луѓето често го користат како домашен миленик.

Сервалот претежно живее во Африка, во потсахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите започнал да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот. Денес е познато дека неговиот претходник еволуирал на територијата на Азија и како резултат на голем број геолошки и климатски промени се создала можност за миграција и еволуција во различни видови на мачки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 540. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. Thiel, C. (2015). Leptailurus serval. Црвен список на загрозени видови. МСЗП. 2015: e.T11638A50654625. doi:10.2305/IUCN.UK.2015-2.RLTS.T11638A50654625.en. Посетено на 29 октомври 2018.
  3. Johnson, W. E.; Eizirik, E.; Pecon-Slattery, J.; Murphy, W. J.; Antunes, A.; Teeling, E.; O'Brien, S. J. (2006). „The Late Miocene Radiation of Modern Felidae: A Genetic Assessment“. Science. 311 (5757): 73–77. doi:10.1126/science.1122277. PMID 16400146.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]