Шистосомијаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шистосомијаза
Schistosomiasis itch.jpeg
Класификација и надворешни извори
Специјалност заразна болест[*]
МКБ-10 B65
МКБ-9 120
MedlinePlus 001321
MeSH D012552

Шистосомијаза (позната и како билхарзија, полжавеста треска и Катајмова треска)[1][2] е болест предизвикана од паразитски црви од типот Шистома . Може да го инфицира уринарниот систем или цревата. Симптомите вклучуваат болка во стомакот, дијареја, крвава столица или крв во урината. Кај оние кои се подолго време заболени, може да се јави оштетување на црниот дроб, откажување на бубрезите, стерилност или рак на мочниот меур . Кај децата може да презивика слаб раст и потешкотии во учењето.[3]

Причинители[уреди | уреди извор]

Болеста се шири преку контакт со вода која ги содржи паразитите. Овие паразити ги испуштаат инфицирани слатководни полжави. Болеста е најчеста помеѓу децата од земјите во развој бидејќи тие најчесто играат во заразени води. Други групи изложени на ризик се земјоделците, рибарите и оние што употребуваат заразена вода за секојдневните потреби.[3] Припаѓа на групата од инфекции со хелминт.[4] Се дијагностицира со наоѓање на јајцата на паразитот во урината или во столицата на поединецот. Исто така може да се потврди со наоѓање антитела против болеста во телото на човекот.[3]

Превенција и лекување[уреди | уреди извор]

Методи за превенција на болеста се: обезбедување пристап до чиста вода и намалување на бројот на полжави. Во области каде што болеста е зачестена, годишно може да се третираат повеќе групи на луѓе одеднаш со лекот паразиквантел. Ова се прави со цел да се намали бројот на заразени и воедно да се намали ширењето на болеста. Паразиквантел е третман кој е исто така препорачан од Светската здравствена организација за оние коишто се заболени.[3]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Шистосомијазата загрозува речиси 210 милиони луѓе на светско ниво,[5] а според пресметките, годишно од неа умираат 12.000 луѓе[6] до 200,000 луѓе.[7] Оваа болест најчесто ја има во Африка, како и Азија и Северна Америка.[3] Околу 700 милиони луѓе, во повеќе од 70 држави, живеат во предели каде што оваа болест е зачестена.[7][8] Шистосомијазата е на второ место по маларијата, а двете се паразитски болести со најголемo влијание врз економијата.[9] Од античко време до раниот 20 век, симптомот на шистосомијазата - крв во урината бил препознаван како машка верзија на менструација во Египет и ја гледале како преодна фаза за момчиња.[10][11] Болеста е класифицирана како запоставена тропска болест.[12]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. „Schistosomiasis (bilharzia)“. NHS Choices. 17 декември 2011. http://www.nhs.uk/Conditions/schistosomiasis/Pages/Introduction.aspx. конс. 15 март 2014 г. 
  2. „Schistosomiasis“. 2 декември 2013. http://www.patient.co.uk/doctor/schistosomiasis-pro. конс. 11 јуни 2014 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Schistosomiasis Fact sheet N°115“. World Health Organization. февруари 2014. http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs115/en/. конс. 15 март 2014 г. 
  4. „Chapter 3 Infectious Diseases Related To Travel“. 1 август 2013. http://wwwnc.cdc.gov/travel/yellowbook/2014/chapter-3-infectious-diseases-related-to-travel/schistosomiasis. конс. 30 ноември 2014 г. 
  5. Fenwick, A (март 2012 г). The global burden of neglected tropical diseases.. „Public health“ том  126 (3): 233–6. doi:10.1016/j.puhe.2011.11.015. PMID 22325616. 
  6. Lozano, R; Naghavi, M; Foreman, K; Lim, S; Shibuya, K; Aboyans, V; Abraham, J; Adair, T; и др. (15 декември 2012 г). Global and regional mortality from 235 causes of death for 20 age groups in 1990 and 2010: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2010. „Lancet“ том  380 (9859): 2095–128. doi:10.1016/S0140-6736(12)61728-0. PMID 23245604. 
  7. 7,0 7,1 Thétiot-Laurent, SA; Boissier, J; Robert, A; Meunier, B (27 јуни 2013 г). Schistosomiasis Chemotherapy. „Angewandte Chemie (International ed. in English)“ том  52 (31): 7936–56. doi:10.1002/anie.201208390. PMID 23813602. 
  8. „Schistosomiasis A major public health problem“. World Health Organization. http://www.who.int/schistosomiasis/en/. конс. 15 март 2014 г. 
  9. The Carter Center. „Schistosomiasis Control Program“. http://www.cartercenter.org/health/schistosomiasis/index.html. конс. 17 јули 2008 г. 
  10. Kloos, Helmut; Rosalie David. The Paleoepidemiology of Schistosomiasis in Ancient Egypt (PDF). „Human Ecology Review“ том  9 (1): 14–25. http://www.humanecologyreview.org/pastissues/her91/91kloosdavid.pdf. 
  11. Rutherford, Patricia. The Diagnosis of Schistosomiasis in Modern and Ancient Tissues by Means of Immunocytochemistry. „Chungara, Revista de Antropología Chilena“ том  32 (1). ISSN 0717-7356. http://www.scielo.cl/scielo.php?pid=S0717-73562000000100021&script=sci_arttext. 
  12. „Neglected Tropical Diseases“. 6 јуни 2011. http://www.cdc.gov/globalhealth/ntd/diseases/index.html. конс. 28 ноември 2014 г.