Алпака
Алпака | |
---|---|
![]() | |
Неистрижена алпака како пасе | |
припитомен
| |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Камили |
Род: | Викуња |
Вид: | V. pacos |
Научен назив | |
Vicugna pacos (Linnaeus, 1758) | |
Распространетост на алпаката |
Алпака (науч. Vicugna pacos) — припитомен вид на јужноамерикански животни од семејството Камили. Физички наликува на мала лама.
Овие животни живее во стадо на висорамнински предели во Андите во јужно Перу, северна Боливија, Еквадор и северно Чиле, на надморска височина од 3500-5000 метри и таму се задржуваат преку целата година.[1] Алпаките се значително помали од ламите, и за разлика од нив, не се товарни животни, туку се одгледуваат за влакната. Од овие влакна се изработуваат плетени материјали како ќебиња, џемпери, капи, ракавици и шалови, како и разни ткаенини како понча во Јужна Америка, и блузони, чорапи и постелнина во други делови на светот. Влакното се среќава во поголем број на разни природни бои: 52 според перуанската, 12 според австралиската и 16 според американската класификација.[2]
Возрасната единка е висока од 81 до 99 см, а тежи помеѓу 48 и 84 кг.[3]
Основни информации
[уреди | уреди извор]Алпаките се припитомени пред илјадници години. Народот Моче од северно Перу честопати ја претставува алпаката во своите ракотворби.[4] Дивиот предок на алпаката е викуњата,[5] која е помала од неа. Сепак, алпаката е помала од другите членови на семејството.
Заедно со камилата и ламата, алпаката спаѓа во семејството Камили. Од сите видови во ова семејство, алпаката и викуњата имаат најценета волна: алпаката поради квалитетот и количината на волна, а викуњата поради мекоста и финоста и квалитетот на влакната.
Алпаките се премали за товарење, па затоа се одгледуваат само за волната и месото, кое некогаш важело за деликатес. Поради високите цени на производите од алпака на северноамериканскиот пазар, властите се соочуваат со сè поголемо криумчарење на алпаки.[6]
Со вкрстување на алпака со лама се добива „уаризо“, животно со посебно руно и кроток карактер.
Поведение
[уреди | уреди извор]
Алпаките се друштвени животни и живеат во семејни групи. Секоја група се состои од територијален алфа-мажјак, женки и нивните младенчиња. Кога ќе насетат опасност, меѓусебе се предупредуваат со писклив звук. Одбраната од помали грабливци обично се состои од клоцање со нозете и плукање.
Размножување
[уреди | уреди извор]Женките овулираат со поттик, т.е. со присуството на машко семе при парењето. Најчесто забременуваат по едно парење, но неуспешното парење не е ретка појава.
Мажјакот достигнува полова зрелост на возраст од 1 до 3 години. Женката созрева порано, на возраст од 1 до 2 години.
Бременоста трае 345 ± 15 дена, и женката најчесто раѓа по едно младо („крија“). Откако ќе се ојагни, женката е спремна за повторно парење во рок од две недели.
Животниот век на алпаката трае највеќе 20 години.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Алпаките јадат многу помалку храна од другите животни со таа големина. Се хранат претежно со сено и трева, но јаде и други растенија (на пр. некои листови). Тревата што ја јадат треба да биде без ѓубрива и така ги задоволуваат потребите во исхраната. Покрај ова, сточарите често во храната додаваат и жито за да ја засилат со селен и други потребни витамини.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Алпаки во Зоо Скопје
-
Алпаки во Зоо Скопје
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Harvesting of textile animal fibres“. UN Food and Agriculture Organization.
- ↑ „Бои кај алпаките“. Архивирано од изворникот на 2007-04-05. Посетено на 23 април 2008. (англиски)
- ↑ Физички одлики на алпаката Архивирано на 2 декември 2013 г. (англиски)
- ↑ Berrin, Katherine & Larco Museum. The Spirit of Ancient Peru:Treasures from the Museo Arqueológico Rafael Larco Herrera. New York: Thames and Hudson, 1997.
- ↑ Wheeler, Dr Jane (2001). „Genetic analysis reveals the wild ancestors of the llama and the alpaca“. Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences. 268 (1485): 2575–2584. doi:10.1098/rspb.2001.1774. PMC 1088918. PMID 11749713. 0962-8452 (книж.) 1471-2954 (мреж.). Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help) - ↑ „Перуанските алпаки ќе се штитат со микрочипови“. БиБиСи Вести. 30 март 2005. (англиски)
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Алпака“ на Викивидовите ? |
![]() |
„Алпака“ на Ризницата ? |
- Меѓународно здружение за алпаки (IAA) (англиски)
|
|