Алфа (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кај социјалните животни, алфа-мажјак или алфа-женка е индивидуа во заедницата која другите ја следат и слушаат/почитуваат. Кај луѓето, алфа-мажјакот е обично маж кој е моќен или на високо место на социјалната скала. Кај западните култури терминот понекогаш се поистоветува со маж кој е премногу мажествен до точката на ароганција и воздржаност во однесувањето.

Карактеристики[уреди]

  • а) Однесување
  • Алфа-мажјакот, бидејќи е доминантен, се однесува доминантно. Тој се однесува како да се што ќе посака - ќе добие и како да нема место за реакција или коментар од страна на други членови на групата, особено други мажјаци. Тој се однесува како да сите од групата се собрани да му служат нему, а тој да раководи со нив и со делењето на ресурсите и генетските линии (сексот) во самата група. Тој е газда. Тој е шефот и тој кажува кој каде ќе оди и што ќе прави(истото се однесува за Алфа-женката, но за неа е малку подруга ситуацијата, а и не расправаме за Алфа-женки сега). Затоа, тој се однесува како шеф, како газда - тој ја поседува волјата на другите. Тој бара и добива, зошто ако не добие, ќе му нареди на остатокот од заедницата да го напушти/избрка бунтовникот.
  • б) Изглед
  • Кај животните, Алфа-мажјакот е најцврстиот и најсилниот мажјак. Оттука, тој е најубавиот (според женките), бидејќи е најразвиен а развиеноста/извежбаноста е убавината. Кај луѓето, бидејќи женките се префрлиле на барање на социјален , а не физички доминантен Алфа-мажјак, најчесто за Алфа-мажјаци се сметаат оние мажи кои одат гордо, исправено и полека, кои имаат мирен одмерувачки поглед и кои не се нервозни или детинести, туку се стабилни, мирни и кои стојат цврсто на две нозе. Тие се средени, но не претерано, чисти се и не се грозни (се делумно или целосно убави). Обично, Алфа-мажјаците се црномурести.
  • в) Статус/позиција
  • Алфа-мажјакот кај животинските групи, бидејќи најчесто се многу мали (10-30 членови) се наоѓа на највисоката социјална позиција - тој е царот. Обично групите не се мешаат меѓу себе, па не доаѓа до имање на повеќе Алфа-мажјаци на исто место.

Кај луѓето ситуацијата е различна бидејќи луѓето се многу намножени, па веќе не постојат одделни групи во кои командува еден Алфа-мажјак, туку сите групи се мешаат и на едно место се случува да се најдат повеќе Алфа-мажјаци. На времето, кога почнале веќе да се спојуваат одделните заедници доминирани од посебни Алфа-мажјаци, за да не се случат борби меѓу сите нив (кои ќе биле неизбежни), човештвото го решило овој конфликт на многу интересен начин. Алфа-мажјаците дозволиле другите да им се мешаат во групата, ама во интерес на двајцата доминантни мажјаци, да не се напаѓаат сè додека едниот се меша до толку колку што му е дозволено од страна на другиот на кого припаѓа групата. Исто така, целата ситуација се поставила така што може да има повеќе Алфа-мажјаци кои ќе бидат на различна општествена позиција, па ќе управуваат со различен број на единки. Нешто како под-Алфа-мажјаци и над-Алфа-мажјаци. На пример, во едно општество има цар (најнад-Алфа-мажјак), потоа капетани кои управуваат со средствата за принуда-војската (скоро-најнад-Алфа-мажјаци), па подчинови, се до татковците на фамилиите, кои се последни Алфа-мажјаци во низата.

Надворешни врски[уреди]