Забатец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Забатец
Dentex dentex
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Perciformes
Подред: Percoidei
Натсемејство: Percoidea
Семејство: Sparidae
Род: Dentex
Вид: D. dentex
Научен назив
Dentex dentex
(Linnaeus, 1758)
Карта на распространетост

Забатец (лат. Dentex dentex ) — риба која му припаѓа на семејството на лускавки (Sparidae). Заедно со орадата и лубината, е најбараната риба на Јадранот. Своето име го должи на големите песјаци кои се истакнуваат на неговата вилица.

Расте до 1 метар во должина и достигнува тежина од 16 кг. Има цврста градба, особено главата со предниот дел. Се издвојуваат силни вилици и многу големи и остри песјаци. Има долгнавесто, но во исто време прилично високо тело странично стиснато. Од неговиот изглед веднаш може да се заклучи дека е многу силен грабливец и одличен пливач. Сака обраснати дна каде се задржуваат рибите. Избегнува стрмни брегови, песочни и калливи дна, матни води, мирни заливи и крајбрежни области до населбите. Се храни главно со риби, ракови, главонози, црви итн. Како типичен грабливец, напаѓа сè што се движи и секогаш е подготвен да нападне. Тој е многу упорен ловец. Се движи во широк опсег на длабочини од 1 до 200 метри, но најчестата е длабочина до 30 метри. Во поголеми јата се собира само во сезоната на мрестење. Се мрести на почетокот на летото.

Најбогати подрачја со забиатец се подрачјата на шибенските и задарските острови, често се сретнува и во подрачјата на Пула и Ровињ и околу островите Вис, Ластово, Мљет и Палагружа.

Освен во Јадранот, широко е распространет и во Медитеранот и во источниот Атлантик. Поради неговото многу вкусно месо, забатецот бил наречен „цар на рибите“.[1]

Видот е класифициран како ранлив по проценетиот глобален пад на популацијата од 30% во последните три генерации. Бавниот раст, големината на поединецот и должината на животот од 20 до дури 30 години го прават видот исклучително чувствителен на прекумерен риболов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ludo More“. Архивирано од изворникот на 2018-06-20. Посетено на 2022-07-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Aldo Ivanišević, Sportski ribolov na moru, Zagreb: Mladost, 1987. ISBN 86-05-00152-6
  • Neven Milišić, Sva riba Jadranskoga mora (prvi dio), Split: Marijan tisak, 2007. ISBN 978-953-214-406-2 (sv. 1)